Гота

From Wikipedia, the free encyclopedia

Готаmap

Гота (германски: Gotha) — град во сојузната покраина Тирингија, во средишна Германија. Тој е административно седиште на округот Гота.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Гота во рамките на округот Гота ...
Гота
Thumb
Знаменитости на Гота
Знаменитости на Гота
Thumb
Thumb
Гота
Управа
Земја Германија
ПокраинаТирингија
ОкругГота
Градски единици11
ГрадоначалникКнут Кројх (СДП)
Основни податоци
Површина69,52 км2
Надм. височина300 м
Население 46.019 (31 декември 2022)[1]
 - Густина662 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.GTH
Пошт. бр.99867
Повик. бр.03621
Порталwww.gotha.de
Местоположба на градот Гота во рамките на округот Гота
Thumb
Карта
Координати50°56′56″N 10°43′6″E
Затвори

Историја

Thumb
Замокот Фриденштајн во 1572 г.

Градот постои најмалку од 8 век, кога бил споменат во документ потпишан од Карло Велики како „Вила Готаха“ („добри води“, герм. Villa Gotaha). Неговата важност доаѓа од 1640 како главен град на војводството Саксо-Гота. Во 18 век, долгиот престој на францускиот филзсоф Волтер го претворил дворот во еден од центрите на просветителството во Германија. Од 1826 до 1918, Гота бил еден од двата главни града на војводството Саксо-Кобург-Гота.

Гота одиграл важна улога во германското работничко движење. Германската социјалистичка партија (SPD) била основана во Гота во 1875 преку спојување на две организации: Социјалдемократската работничка партија предводена од Август Бебел и Вилхелм Либкнехт и Сегерманското работничко здружение основано од Фердинанд Ласал. Компромисот познат како „Програма Гота“ бил донесен, иако бил силно критикуван од Карл Маркс.

Познатиот психолог и антрополог Теодор Вајц е роден во 1821.

Исто така, Гота била центар на издаваштвото. Фирмата Justus Perthes (сега наречена „Hermann Haack“) започнала со печатење во 1763 на Almanach de Gotha, список на владејачките династии и високото благородништво во Европа.

Од 1949 до 1990, Гота била дел од Источна Германија.

Знаменитости

Thumb
Замок Фриденштајн
  • Главна знаменитост во градот е замокот Фриденштајн (Schloss Friedenstein), поранешен дворец на војводите, изграден во периодот 1643–1655. Оваа импозантна правоаголна градба, со ниски кули на аглите, е најстарата ранобарокна палата во Германија. Музејот во дворецот е дом на вредни историски збирки на уметнички и културни артефакти. Исто така, во него се наоѓа Музејот за регионална историја, вклучувајќи го историскиот Театар Екхоф, најстариот зачуван барокен театар во светот.
  • Градското собрание, изградено помеѓу 1567 и 1577 во ренесанса, познато по богато украсената северна фасада.
  • Плоштадот (Hauptmarkt) опкружен со обновени куќи со барокни врати.
  • Авгунистинската црква со поранешната опатија.
  • Црквата Св. Маргерета (Margarethenkirche), од крајот на 15 век.

Меѓународни односи

Гота е збратимен со:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.