From Wikipedia, the free encyclopedia
Алекс Сандро Лобо Силва (роден на 26 јануари 1991 во Катандува) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус.
Алекс Сандро | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 26 јануари 1991 | ||
Роден во | Катандува, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 12 | ||
Младинска кариера | |||
Атл. Паранаенсе | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2007-2010 | Атл. Паранаенсе | 17 | (0) |
2010-2011 | Депортиво Малдонадо | 0 | (0) |
2010-2011 | → Сантос | 30 | (1) |
2011-2015 | Порто | 87 | (3) |
2015- | Јувентус | 103 | (10) |
Репрезентација ‡ | |||
2011 | Бразил 20 | 11 | (0) |
2012 | Бразил 23 | 3 | (0) |
2011- | Бразил | 15 | (1) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Во татковината неговиот напредок бил споредуван со оној на познатиот сонародник Роберто Карлос[1]; за многу кратко време тој станал еден од најдобрите бекови во моментов.[2][3][4][5][6]
Алекс Сандро ја започнал својата фудбалска кариера во 2006 година, кога бил купен од страна на Атлетико Паранаенсе, каде што, во две сезони, наизменично тренирал со првиот тим и со младинската екипа. Официјалното деби, како професионален фудбалер, го имал на 18 октомври 2008 во натпреварот против Интернасионал од 30-тото коло на бразилското првенство, влегувајќи како замена на местото на Нетињо во 80-тата минута во поразот со 2-1.[7] Тоа бил неговиот единствен настап за првиот тим на Атлетико Паранаенсе во неговата прва сезона како професионалец. Следната сезона одиграл уште 16 натпревари; на 10 октомври 2009, повторно против Интернасионал за првпат во својата професионална кариера одиграл цел натпревар (90 минути),[8] а на 25 истиот месец го добил првиот црвен картон во својата кариера во поразот со 3-2 од Куритиба.[9]
По три години поминати во клубот од Куритиба, завршила неговата авантура таму, откако Атлетико Паранаенсе го продале на инвеститорите, со користење на уругвајскиот клуб Депортиво Малдонадо како посредник за одржување на правата за регистрација. На 1 март 2010, Алекс Сандро потпишал за Сантос на две-годишна позајмица.[10] Своето деби за Сантос го направил на 8 мај 2010, во натпреварот против Ботафого што завршил 3-3, но дебито за него не завршило успешно бидејќи бил исклучен во финишот на натпреварот откако заработил втор жолт картон.[11] На 25 септември истата година го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во победата на домашен терен над Крузеиро со 4-1.[12] Во двете сезони во Сантос, одиграл вкупно 38 натпревари и постигнал два гола.
На 23 јули 2011, четири дена подоцна откако во Порто дошол Данило (неговиот соиграч од репрезентацијата под 20 години), португалскиот клуб го купил и Алекс Сандро за сума од 9,6 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клаузула за откуп од 50 милиони евра.[13] Своето деби за "змејовите" го направил на 19 февруари 2012, во победата со 3-1 на гостувањето против Виторија Сетубал.[14] На 16 март, го постигнал својот прв гол во дресот на Порто, во победата со 2-0 на гостувањето против Насионал.[15].
На 18 септември 2012, го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата со 2-0 на гостувањето во Загреб против Динамо.
Вкупно во четири сезони со Порто, одиграл 137 натпревари и постигнал 3 гола. Со клубот освоил три трофеја: два наслова во португалското првенство (2011–2012, 2012–2013) и Суперкупот на Португалија 2013.
На 20 август 2015, Алекс Сандро потпишал петгодишен договор со Јувентус во трансфер вреден 26 милиони евра, сума која на Порто му била исплатена во три години.[16]
Своето деби за Јувентус го направил на 12 септември 2015, во ремито 1-1 на домашен терен против Кјево во Серија А.[17] На 31 октомври, Алекс Сандро одиграл клучна улога во победата над градскиот соперници Торино со 2-1, асистирајќи му на Хуан Квадрадо за победничкиот гол во судиското продолжение.[18] На 21 ноември 2015, тој му асистирал на Пауло Дибала со нафрлување од левата страна, за единствениот гол во победата со 1-0 на домашен терен против Милан во лигата.[19] Четири дена подоцна, на 25 ноември, тој асистирал за уште еден победнички гол, на Марио Манџукиќ, во победата со 1-0 на домашен терен над Манчестер Сити во Лигата на шампиони со која клубот си обезбедил место во осминафиналето од натпреварувањето.[20] На 17 јануари 2016 година, Алекс Сандро го постигнал својот прв погодок за Јувентус - и неговиот прв во Серија А - со удар од работ на шеснаесеттникот со десната (послаба) нога, во гостинската победа над Удинезе со 4-0.[21] На 17 февруари било потврдено дека Алекс Сандро ќе мора да отсутвува од терените десетина дена, поради повреда на левиот бутен мускул ректус феморис со која се здобил за време на тренинг со Јувентус. Повредата го принудила да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на 23 февруари против Баерн Минхен.[22] Тој се вратил за вториот натпревар во Минхен, играјќи како стартер на позицијата лево крило и оставил одличен поединечен впечаток, иако неговиот тим сепак бил елиминиран по продолженија.[23] На 25 април 2016, Алекс Сандро со Јувентус го освоил своето прво скудето во карирета, откако најголемиот конкурент на Јуве за насловот во таа сезона, Наполи, загубил во Рим од Рома со што математички била потврдена титулата.[24] На 21 мај, додал уште еден успех со освојувањето на Купот на Италија по победата со 1-0 по продолженија над Милан во финалето, во кое тој играл влегувајќи од клупата во 62-рата минута.[25]
Следната сезона тој се утврдил како прв избор на позицијата лев бек, истиснувајќи го од почетната постава францускиот ветеран Патрис Евра,[2][26] кој поради тоа го напуштил клубот во јануари 2017. На 27 ноември 2016, тој постигнал автогол во поразот со 3-1 од Џенова.[27] Сепак, тоа не ја поколебало неговата одлична форма во сезоната 2016-2017, во која бил еден од најконстантните играчи на Јувентус. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 3 декември 2016, во победата со 3-1 над Аталанта на Алијанц стадионот.[28] На 17 мај 2017, Алекс Сандро бил асистент за двата гола на бјанконерите во финалето на Купот на Италија кој ги постигнале неговиот сонародник Дани Алвес и Леонардо Бонучи со кој бил одбранет насловот од претходната сезона победувајќи го Лацио со 2-0.[29] Четири дена подоцна, тој бил стрелец на третиот гол за Јувентус во победата со 3-0 над Кротоне со која била математички била осигурана титулата во Серија А (шеста едноподруго за Јувентус, втора за Алекс Сандро). Конечно, на 3 јуни 2017 на стадионот Милениум во Кардиф, Алекс Сандро го започнал на позицијата лев бек финалето во Лигата на шампионите во кое тој и неговите соиграчи биле поразени од Реал Мадрид со 4-1. Сезоната ја завршил со 43 настапи во сите натпрварувања (11 повеќе во однос на првата сезона во Јувентус) и 3 постигнати гола.
Во летото 2017, тој бил трансфер-мета на англискиот Челси, кој сакал да го доведе во Лондон. Сепак, по долгите преговори Јувентус одлучил да ги одбие сите понуди на сините, вклучувајќи ја и последната која изнесувала 70 милиони евра, и да го задржи бразилскиот бек во својте редови.[30] На 27 ноември 2017, на Гран гала дел Калчо - манифестација на која се доделуваат награди за италијанскиот фудбал - тој бил избран во Идеалниот тим на годината на Серија А за првпат во својата кариера.[31] На 13 февруари 2018, Алекс Сандро го забележал својот 100-ти настап за Јувентус во натпреварот на домашен терен против Тотенхем во Лигата на шампионите, што завршил нерешено 2-2. Пет дена подоцна, по прекрасната асистенција на Федерико Бернардески тој со својот гол го решил градското дерби против Торино, кое бјанконерите го добиле со 1-0.[32] Сезоната ја завршил со освојување на својата трета двојна круна со Јувентус.
На почетокот на сезоната 2018-2019, во првото коло од Серија А на гостувањето кај Кјево во победата со 3-2, тој асистирал за победничкиот гол на Јувентус во 93-тата минута кој го постигнал Бернардески. На 23 октомври 2018, Алекс Сандро го забележил својот 50-ти настап во Лигата на шампионите (не сметајќи ги натпреварите во квалификациите) во гостинската победа со 1–0 над Манчестер Јунајтед.[33][34] На 3 декември 2018, втора година по ред бил избран во Идеалниот тим на годината на Серија А. На 20 декември 2018, Алекс Сандро го продолжил својот договор со Јувентус до 2023 година.[35] На 8 март 2019, во победата со 4-1 над Удинезе, тој за првпат во кариерата ја носел капитенската лента на Јувентус, преземајќи ја во 25-тата минута од натпреварот откако почетниот капитен во тој натпревар Андреја Барцаљи излегол од игра поради повреда.[36] На 30 истиот месец, тој го забележал својот 100-ти настап во Серија А, во победата на неговиот тим над Емполи со 1-0 во Торино.[37] На 20 април 2019, со својот прв гол за сезоната тој му помогнал на Јувентус да стигне до победата против Фјорентина, а таа победа за клубот значела ново скудето;[38] осмо во низа за Јувентус, четврто лично за него.[39]
Во 2011 година, бил повикан во репрезентацијата под 20 години за да земе учество на Светското првенство за играчи под 20 години и на Младинското првенство на Јужна Америка за играчи под 20 години; Бразил го освоил златото и на двата турнири.[40]
На 10 ноември 2011 го направил своето деби за сениорската репрезентација, во пријателски натпревар против Габон, кој завршил со резултат од 2-0 за кариоките.[41]
На 6 јули 2012 бил повикан во составот на Олимписката репрезентација на Бразил за Летните олимписки игри 2012 кој се одржале во Лондон и други градови од Велика Британија.[42][43] Дебитирал за Олимписката репрезентација на 1 август, во натпреварот против Нов Зеланд, одигран на Сент Џејмсис Парк во Њукасл во групната фаза од турнирот.[44] Бразилската репрезентација стигнала до финалето на турнир, каде биле поразени од Мексико на 11 август на Вембли со 2-1[45][46]; Алекс Сандро го започнал натпреварот како стартер, но бил заменет во 32-рата минута од страна на напаѓачот Хулк. Вкупно на целиот турнир одиграл 198 минути.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
10-11-2011 | Либрвил | Габон | 0 – 2 | Бразил | Пријателска | - | 46' | |
14-11-2011 | Ум ел Фам | Египет | 0 – 2 | Бразил | Пријателска | - | ||
26-05-2012 | Хамбург | Бразил | 3 – 1 | Данска | Пријателска | - | 68' | |
30-05-2012 | Ист Ратерфорд | САД | 1 – 4 | Бразил | Пријателска | - | 89' | |
15-08-2012 | Солна | Шведска | 0 – 3 | Бразил | Пријателска | - | ||
07-09-2012 | Саун Пауло | Бразил | 1 – 0 | Јужна Африка | Пријателска | - | 59' | |
13-6-2017 | Мелбурн | Австралија | 0 – 4 | Бразил | Пријателска | - | ||
5-10-2017 | Ла Пас | Боливија | 0 – 0 | Бразил | Квал. за СП 2018 | - | дет. | |
10-10-2017 | Саун Пауло | Бразил | 3 – 0 | Чиле | Квал. за СП 2018 | - | дет. | |
10-11-2017 | Лил | Јапонија | 1 – 3 | Бразил | Пријателска | - | 59' | |
12-9-2018 | Ландовер | Бразил | 5 – 0 | Ел Салвадор | Пријателска | - | ||
12-10-2018 | Ријад | Саудиска Арабија | 0 – 2 | Бразил | Пријателска | 1 | ||
20-11-2018 | Милтон Кинс | Бразил | 1 – 0 | Камерун | Пријателска | - | ||
26-3-2019 | Прага | Чешка | 1 – 3 | Бразил | Пријателска | - | ||
6-6-2019 | Бразил | Бразил | 2 – 0 | Катар | Пријателска | - | 72' | |
22-6-2019 | Саун Пауло | Перу | 0 – 5 | Бразил | Копа Америка 2019 - Прва фаза | - | 57' | дет. |
27-6-2019 | Порто Алегре | Бразил | 0 – 0 (4 – 3 пен.) | Парагвај | Копа Америка 2019 - Четвртфинале | - | 46' | дет. |
2-7-2019 | Бело Хоризонте | Бразил | 2 – 0 | Аргентина | Копа Америка 2019 - Полуфинале | - | дет. | |
7-7-2019 | Рио де Жанеиро | Бразил | 3 – 1 | Перу | Копа Америка 2019 - Финале | - | 9. титула | дет. |
Вкупно | Настапи | 19 | Голови | 1 |
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
1-8-2012 | Њукасл на Тајна | Бразил | 3 – 0 | Нов Зеланд | Олимписки игри 2012 - Прва фаза | 1 | 71', 76' | |
7-8-2012 | Манчестер | Јужна Кореја | 0 – 3 | Бразил | Олимписки игри 2012 - Полуфинале | - | ||
11-8-2012 | Лондон | Бразил | 1 – 2 | Мексико | Олимписки игри 2012 - Финале | - | 32' | дет. |
Вкупно | Настапи | 3 | Голови | 0 |
Статистиката е ажурирана на 22 октомври 2019.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2010 | Сантос | A1/СП+А | 1+24 | 1+1 | КБ | 4 | 1 | КС | 0 | 0 | - | - | - | 29 | 3 |
2011 | A1/СП+А | 7+6 | 0 | - | - | - | КЛ | 11 | 0 | Скп | - | - | 24 | 0 | |
Вкупно Сантос | 8+30 | 1+1 | 4 | 1 | 11 | 0 | 0 | 0 | 53 | 3 | |||||
2011-2012 | Порто | ПЛ | 7 | 1 | КП+ЛКП | 1+3 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 0+1 | 0 | - | - | - | 12 | 1 |
2012-2013 | ПЛ | 25 | 1 | КП+ЛКП | 0+5 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СП | 0 | 0 | 36 | 1 | |
2013-2014 | ПЛ | 26 | 0 | КП+ЛКП | 6+4 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 6+5 | 0 | СП | 1 | 0 | 48 | 0 | |
2014-2015 | ПЛ | 28 | 1 | КП+ЛКП | 0+1 | 0 | ЛШ | 11[47] | 0 | - | - | - | 40 | 1 | |
авг. 2015 | ПЛ | 1 | 0 | КП+ЛКП | 0+0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 1 | 0 | |
Вкупно Порто | 87 | 3 | 20 | 0 | 29 | 0 | 1 | 0 | 137 | 3 | |||||
авг. 2015-2016 | Јувентус | А | 22 | 2 | КИ | 5 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СИ | 0 | 0 | 32 | 2 |
2016-2017 | А | 27 | 3 | КИ | 4 | 0 | ЛШ | 11 | 0 | СИ | 1 | 0 | 43 | 3 | |
2017-2018 | А | 26 | 4 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 10 | 0 | СИ | 1 | 0 | 39 | 4 | |
2018-2019 | A | 31 | 1 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 9 | 0 | СИ | 1 | 0 | 43 | 1 | |
2019-2020 | A | 7 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | СИ | 0 | 0 | 10 | 0 | |
Вкупно Јувентус | 113 | 10 | 13 | 0 | 38 | 0 | 3 | 0 | 167 | 10 | |||||
Вкупно во кариерата | 238 | 15 | 37 | 1 | 78 | 0 | 4 | 0 | 357 | 16 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.