From Wikipedia, the free encyclopedia
Патрис Латир Евра (роден на 15 мај 1981 година во Дакар) — француски фудбалер со сенегалско потекло, лев бек на Вест Хем Јунајтед и на француската репрезентација.
Патрис Евра | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 15 мај 1981 | ||
Роден во | Дакар, Сенегал | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вест Хем Јунајтед | ||
Број | 27 | ||
Агент | Федерико Пасторело | ||
Младинска кариера | |||
Париз Сен Жермен | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1998-1999 | Марсала | 24 | (3) |
1999-2000 | Монца | 3 | (0) |
2000-2002 | Ница | 40 | (1) |
2002-2006 | Монако | 120 | (2) |
2006-2014 | Манчестер Јунајтед | 273 | (7) |
2014-2017 | Јувентус | 53 | (3) |
2017 | Олимпик Марсеј | 10 | (1) |
2018- | Вест Хем Јунајтед | 1 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2002-2003 | Франција 21 | 11 | (0) |
2004-2016 | Франција | 81 | (0) |
* Ажурирано на: 15 февруари 2012 ** Ажурирано на: 15 февруари 2012 |
Иако првично играл како напаѓач, тој првенствено игра на позицијата лев бек и е опишан како "класичен пример на модерен страничен бек", кој е познат по своето "темпо, атлетизам, и способност за вклучување во нападот ". Евра, добил многу пофалби од Сер Алекс Фергусон за својата способност да биде водач, односно капитен и на Манчестер Јунајтед и на репрезентацијата на Франција.
Евра е роден во Дакар, Сенегал како син на дипломат, и пристигнал во Европа кога имал само една година. Тој израснал во Франција и ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за различни клубови во регионите на Франција, како за клубот од градот во којшто живее ЦО Лес Ули и ЦФЦ Бретињи. Во 1997 година, се преселил во првиот негов професионален клуб, Париз Сен Жермен, каде што играл за младинскиот тим. Една година подоцна, Евра заминал во соседна Италија, каде го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Марсала од Сицилија. Тој го направил своето професионално деби во Серија Ц1 во 1998 година, и ја завршил својата прва сезона како професионалец со 24 настапи и 3 гола за Марсала. Следната сезона добил ангажман во екипата на Монца во Серија Б, каде исто така останал само една сезона, пред да се врати во Франција и да потпише договор со екипата на Ница, каде што бил претворен во лев бек поради повредите на многуте соиграчи (претходно играл во средината на теренот). Евра одлично се снашол на таа позиција и на крајот од сезоната бил прогласен за најдобар лев бек во втората француска лига. Во 2002 година, Евра се преселил во Монако и веќе во првата сезона придонел за освојувањето на Лига купот во 2003. Тој исто така играл и во Европските турнири за првпат во својата кариера, а во сезоната 2003-2004, тој бил важна алка во тимот на Монако предводен од Дидје Дешан кој стигнал до финалето на Лигата на шампионите, но таму загубиле од Порто со убедливи 0-3. Во истата сезона во Франција, Евра ја добил наградата за млад играч на годината и исто така бил избран во тимот на сезоната на Француската Лига 1. Набргу потоа тој заиграл и за селекцијата на триколорите.
Настапите на Евра во Монако кулминирале со трансфер во англискиот гигант Манчестер Јунајтед на 10 јануари 2006 година за сума од 5,5 милиони фунти. Своето деби за црвените ѓаволи го направил само четири дена подоцна во Манчестерското градско дерби против Манчестер Сити. Во ноември истата година тој го постигнал својот прв гол во дресот на Јунајтед во натпревар против Евертон.
Додека настапувал за Манчестер Јунајтед, Евра освоил мноштво трофеи, во која се вклучени освојувањето на Лига купот во неговата дебитантска сезона во клубот. Во својата втора сезона, тој ги ставил во сенка неговиот сонародник Микаел Силвестре и Габриел Хајнце како прв избор на позицијата лев бек и оттогаш освоил пет титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, едно Светско клупско првенство, три Лига Купа, како и четири ФА Комјунити Шилд наслови. Во 2009 годината бил избран во Тимот на годината на УЕФА.
На 21 јули 2014, Евра му се приклучил на Јувентус потпишувајќи две годишен договор со клубот.[1] Сумата на трансферот изнесувала 1,2 милиони фунти, а подоцна се зголемила на 1,5 милиони £, откако Јувентус успеал да се квалификува за Лигата на шампионите 2015-2016.[2] Својот прв гол за Јувентус го постигнал на 14 декември 2014 во првенствениот натпревар против Сампдорија што завршил 1-1, стрелајќи прецизно со глава по корнерот на Клаудио Маркизио во 12-тата минута.[3] По повредата на Квадво Асамоа, Евра заработил место во почетната постава на Јувентус и дал голем придонес во текот на сезоната за освојувањето на скудетото во Серија А, на 2 мај, како и Купот на Италија на 20 мај 2015, со победата над Лацио во финалето.[4][5] На 6 јуни тој го започнал Финалето на Лигата на шампионите против Барселона на Олимпискиот стадион во Берлин, во кое Јувентус бил поразен со 3-1.[6] Тоа било неговото петто појавување во финалињата на Лигата на шампионите, и со овој пораз тој станал единствениот играч кој загубил во 4 финалиња (2004, 2009, 2011, 2015).[7]
Следната сезона ја отворил со нов трофеј, по триумфот во Суперкупот на Италија над Лацио со 2-0 во Шангај. На 25 ноември 2015, Евра го направил својот 100-ти настап во Лигата на шампионите во натпревар од групната фаза против Манчестер Сити, со што станал втор французин кој успеал да го стори тоа после Тјери Анри.
На 25 јануари 2017, по единаесет години играње во странство се вратил во Франција потпишувајќи договор со екипата на Олимпик Марсеј.[8]
На 7 февруари 2018, Евра потпишал за Вест Хем Јунајтед како слободен играч до јуни 2018. На 24 февруари 2018, го направил своето деби за клубот против Ливерпул во Премиер лигата.
Евра е исто така член на француската репрезентација. Своето деби во националниот дрес го имал во август 2004 во пријателски натпревар против Босна и Херцеговина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.