Штитодржач
From Wikipedia, the free encyclopedia
Штитодржачи — хералдички фигури кои обично стојат од обете страни на штитот и се прикажани како го држат. Овие фигури можат да бидат вистински или измислени животни, луѓе, а во ретки салучаи растенија и предмети. Често тие имаат локално значење, како европската жена и маорскиот главатар на грбот на Нов Зеланд, или пак се историска врска, како на пример лавот на Англија и еднорогот на Шкотска на двете варијанти на грбот на Обединетото Кралство. Грбот на нутриционистот Џон Бојд Ор има два житни снопа како штитодржачи, грбот на американскиот воен брод „Доналд Кук“ го држат проектили, а грбот на сојузната држава Северно Рио Гранде, Бразил има две дрва.[1] Шпанскиот град Валенсија на својот грб има две букви кои служат како штитодржачи.
.
Човечките штитодржачи можат да бидат и алегорични фигури, или пак поретко, конкретни поединци.[2]
Во највеќето случаи штитот го држат две фигури од секоја страна, но постојат случаи каде има само еден штитодржачи поставен зад штитот. Грбот на Конго е неверојатно необичен пример, со неговите штитодржачи кои се издаваат од задната страна на штитот.[3] Додека ваквите единечни штитодржачи обично се орли (на пр. на градот Перт, Шкотска)[4] со една или две глави, постојат и други примери, како катедрата на грбовите на некои канадски катедрали.[5] Друга крајност се уште поретките случаи како грбот на шкотското семејство Дандас од тој Илк, кој има три штитодржачи; два обични црвени лава и сето тоа поддржано уште од саламандер. Грбот на Исланд има дури четири штитодржачи.[6]
Штитодржачите кај хералдички исправните грбови на општините во Македонија имаат облик на венците или гранки со месна симболика.