Маори
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маори (маорски јазик- Māori) се полинезијски народ, домородно население на Нов Зеланд, етнолингвистички сродни на Тахиќаните и Хавајците, кои на подрачјето на Јужниот остров и Северниот остров, допловиле со кануа, населувајќи се помеѓу 9-от и 13-от век од подрачјето на Полинезија.[6] Првиот судир со Европејците го имале веќе во 1642 година со доаѓањето на холанѓанецот Абел Тасман, а во битката биле убиени четворица припадници на неговата посада. Во 1769 година, британскиот истражувач Џејмс Кук воспоставува пријателски односи со Маорите. Од 1800-тите посетите на европските бродови биле се почести. Со доаѓањето на европските населеници, популацијата на Маорите започнала да опаѓа, поради војните и увезените болести и бројката им била сведена на околу 100.000. Претставниците на маорските поглавари и британците се состанале во 1840 година и потпишале договор во Вајтангу по кој тие стануваат британски граѓани и им се признаваат правата на земја. Со новозеландскиот попис од 2006 година, под маорски етнички имиња се изјасниле 565.329 лица.
Маори изведувајќи хака во 2012 година | |
Подрачја со значајно население | |
---|---|
Нов Зеланд | 775.836 (2018)[1] |
Австралија | 142.107 (2016)[2] |
Обединето Кралство | ~ 8.000 (2000)[3] |
САД | 3.500 (2000)[4] |
Канада | 2,500 (2016)[5] |
Други региони | ~ 8.000[3] |
Јазици | |
маорски, англиски | |
Вероисповед | |
Главно христијани или нерелигиозни Ратана религија маори | |
Сродни народи | |
Други полинезијски народи |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.