![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/82/DomenichinounicornPalFarnese.jpg/640px-DomenichinounicornPalFarnese.jpg&w=640&q=50)
Еднорог
митско суштество / From Wikipedia, the free encyclopedia
Еднорогот — митолошко животно слично на бел коњ со еден рог на челото. Еднорогот бил прикажан во уметноста на Месопотамија, како и во древните митови од Индија и од Кина. Најраниот опис на еднорогот бил откриен во старогрчкатта литература во периодот околу 400 г. пред нашата ера и можно е да се однесувал на носорог од Индија.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/82/DomenichinounicornPalFarnese.jpg/640px-DomenichinounicornPalFarnese.jpg)
Се верувало дека еднорогот бил див и тежок за фаќање, но ако пред него била донесена девица во тој случај еднорогот легнувал и ја ставал главата во нејзиниот скут. Се верувало дека неговиот рог може да послужи како заштита од отров. Писателите од средниот век еднорогот го доведувале во врска со Исус, а ловот на еднорог бил честа тема во средновековната уметност.
Еднорогот стои на кралскиот грб на Обединетото Кралство како симбол на Шкотска како дел од кралството, како и на шкотската верзија на тој грб.