![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/63/Diceros_bicornis.jpg/640px-Diceros_bicornis.jpg&w=640&q=50)
Носорог
From Wikipedia, the free encyclopedia
Носорози (науч. Rhinocerotidae) — семејство непарнокопитни животни со пет преживеани видови. Два од овие вида потекнуваат од Африка, а останатите три од Азија. Три од петте вида (јаванскиот, суматранскиот и црниот носорог) се критично загрозени видови. Индискиот носорог е загрозен вид од кој се проценува дека има уште 2700 единки во дивината. Белиот носорог е на списокот на ранливи видови со преостанати 9000 единки во дивината[1].
Носорог Период: еоцен - денес | |
---|---|
![]() | |
Црн носорог (Diceros bicornis) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Непарнокопитни |
Семејство: | Носорози Gray, 1820 |
Постоечки родови | |
бел носорог (Ceratotherium)
| |
![]() | |
Распространетост на носорозите |
Животните од ова семејство се едни од најголемите живи примероци на мегафауната, и сите видови достигнуваат тежина од над еден тон. Тие се тревопасни, имаат тенка кожа (1,5 – 5 сантиметри), составена од слоеви на колаген со кристална структура. Во споредба до нивната големина, овие цицачи имаат релативно мал мозок (400-600 грама) и голем рог. Најчесто се хранат со лисјести растенија, но доколку е потребно можат и да ферментираат пофиброзна растителна храна во дебелото црево. За разлика од останатите непарнокопитни животни, африканските видови на носорози немаат предни заби, поради што за пасење растенија ги користат катниците и преткатниците[2].
Носорозите се доста ценети поради нивниот карактеристичен рог. Овој рог е изграден од кератин, истата белковина од која е направена косата или ноктите[3]. Двата африкански вида на носорог и суматранскиот носорог имаат два рога, додека индискиот и јаванскиот имаат само еден. Носорозите имаат одличен слух и осет за мирис, но доста слаб вид. Повеќето живеат 60 години или повеќе.