![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2e/Stomach_colon_rectum_diagram-mk.svg/langmk-640px-Stomach_colon_rectum_diagram-mk.svg.png&w=640&q=50)
Дебело црево
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дебелото црево (латински: intestinum crassum) — дел од системот за варење кој се надоврзува на тенкото црево. Долго е околу 1,5 метри, но, за разлика од тенкото, има поголем пречник. Се диференцира на 3 дела:
- Слепо црево (coecum) со црвовиден израсток (appendix vermiformis);
- Колон (Colon);
- Право црево (Rectum), со кое и завршува дигестивниот систем.
Дебело црево | |
---|---|
![]() | |
Податоци | |
Артерија | Superior mesenteric, Inferior mesenteric and Iliac arteries |
Лимфа | inferior mesenteric lymph nodes |
Назнаки | |
Латински | intestinum crassum |
TA | A05.7.01.001 |
FMA | FMA:7201 |
Дебелото црево е мускулно лигавичен цевчест орган и претставува завршен дел од системот за варење. Неговата должина изнесува околу 1,5 метри. Започнувајќи од десната бедрена јама дебелото црево формира рамка околу витките од тенкото црево. На дебелото црево се разликуваат три дела: слепо црево, сито црево и право црево.
Слепото црево долго околу 8 cm. Во него завршува тенкото црево со илеоцекалниот отвор (ostium ileocecale). На отворот се наоѓа илеоцекален залосток изграден од две лигавични дипли. Залистокот го затвора отворот спречувајќи го враќањето на цревната содржина од дебелото во тенкото црево. На слепото црево е придодаден еден слеп црволик израсток (appendix vermiformis) погрешно означен како “слепо црево”. Дожината на апендиксот е променлива, но најчесто 7–8 cm.
Ситото црево според патот и местоположбата се дели на четири дела: нагорен колон (colon ascendens), напречен (colon transversum), надолен (colon descesens) и сигмоиден колон (colon sigmoideum). Меѓу нагорниот и трансферзалниот колон се наоѓа десен агол или флексура, а меѓу напречниот и надолниот колон се наоѓа лева количина флексура. Нагорниот и надолниот колон се неподвижни и сраснати за задниот стомачен ѕид, додека напречниот и сигмоидниот колон се слободни и подвижни.
Анусното црево се наоѓа во малата карлица и тоа пред крстната и тртничката коска. Неговата должина изнесува 12 до 15 cm. Крајниот дел од ректумот завршува со анус (anus). Кружниот слој од мускулатурата на правото црево над анусот гради внатрешен сфинктер инервиран од симпатички влакна. Околу него се наоѓа еден напречно пругаст мускул, тоа е надворешен сфинктер на анусот.
Во завршниот дел од правото црево се наоѓаат венски сплетови. Вените честопати се прошируваат во хемороидални јазли коишто крварат. На површината од дебелото со исклучок на правото црево се забележуваат три надолжни ленти или тении изградени од надолжниот мускулен слој. Меѓу нив се наоѓаат проширувања налик на ќесиња (haustrae coli). Лигавицата од дебелото црево формира напречни полумесечести дипли. Таа е мазна и нема цревни ресички.