Чеси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чесите се европски народ од западнословенската група на народи и јазици. Мнозинството од Чесите се населени во Чешка, но има и значителни малцинства во Словачка, Австрија, Русија, САД, Аргентина, Канада и Германија.
Од горе лево: Вратислав II Бохемиски, Карло IV, Јан Хус, Комениј, Франтишек Палацки, Јан Евангелиста Пуркине, Алфонс Муха, Антонин Дворжак и Томаш Гариг Масарик | |
Вкупен број | |
---|---|
~ 11-12 милиони | |
Подрачја со значајно население | |
Чешка 9,249,777 [1] со: Моравци: 380,474 (2001) Шлези: 10,878 (2001) | |
САД | 1,462,000 [2] (со Германска Бохемијаns) |
Канада | 98,090 (2006)[3] |
Италија | 80,000-90,000 |
Обединето Кралство | 30,000–90,000 |
Германија | 20,000–50,000 |
Словачка | 46,000 |
Аргентина | 38,000 |
Австралија | 21,196[4] |
Австрија | 20,000 |
Швајцарија | 20,000 |
Украина | 11,000 |
Франција | 10,731 (1990) |
Хрватска | 10,510 (2001) |
Израел | 8,000 |
Шведска | 7,175 (2001) |
Ирска | 5,278[5] |
Шпанија | 5,622 (2006) |
Русија | 5,000–6,000 |
Бразил | 450,000[6] |
Холандија | 3,500 |
Романија | 3,339 (2002) |
Полска | 3,000 |
ЈАР | 2,300 |
Србија | 2,211 (2002) |
Мексико | 2,000 |
Босна и Херцеговина | 600–1,000[7] |
Бугарија | 436 |
Јазици | |
чешки | |
Вероисповед | |
атеизам 59%, католицизам 26.8%, протестантство 2.1%, друго 3.3%, неодредено 8.8%, православие (<25,000)[8] | |
Сродни народи | |
Словени, особено Западни Словени. |
Мнозинството од Чесите се католици, но има и голем број атеисти. Го говорат чешкиот јазик кој е тесно поврзан со словачкиот и горно сорбскиот јазик.[9] Предци на Чесите се старословенските народи кои ја населувале Бохемија и Моравија од шестиот век па натаму.
Етничките Чеси се нарекувале Бохемијци до почетокот на 20ти век,[10] според поранешното име на нивната земја, Бохемија, кое пак потекнува од името на келтското племе Боји. За време на големата преселба, западнословенските племиња се населиле во областа, „асимилирајќи го преостанатото келтско и германско население“, и формирало кнежевство во 9ти век, кое првично било дел од Велика Моравија, а подоцна Кралство Бохемија, претходници на денешната современа република.