From Wikipedia, the free encyclopedia
Западни Словени или во историјата именувани како Венети се подгрупа на Словените кои зборуваат на еден од западнословенските јазици. Денес во оваа група на народи се вбројуваат Лужичките Срби, Полјаците (вклучувајќи ги и Кашубите и Шлезите), Словаците и Чесите. Историската група на лехитски племиња, во која се и Полјаците, ги вбројувала и исчезнатите Полапци и Поморци. Јазиците на Горна и Долна Лусетија биле слични со лехитските и чехословачките јазици.[1].
Западните Словени (светлозелено) на картата на Европа. | |
Вкупен број | |
---|---|
>58 милиони | |
Подрачја со значајно население | |
Мнозинство: Полска, Словачка, Чешка. Малцинство: Белорусија, Германија, Литванија, Србија, Украина, Унгарија. | |
Јазици | |
Западнословенски јазици: чешки, кашупски, полски, шлески, словачки, лужичкосрпски | |
Вероисповед | |
Атеизам, Католицизам | |
Сродни народи | |
Словени |
Културно, Западните Словени се развиле задно со останатите народи на Западна Европа, најмногу поради влијанието на Римското Царство и Западното Христијанство.[2] Така, тие доживеале културна поделба од останатите Словени, односно: Источните и мнозинството од Јужните Словени станале следбеници на православието, Западните Словени станале следбеници на Римокатоличката црква и мал дел на протестантството.
Прва политичка заедница на Западните Словени претставува Самовиот племенски сојуз што постоел во првата половина на VII век (623-658). Неговото создавање било обусловено од потребата за одбрана од Аварите, а подоцна и од Баварците, односно Франките, како и од појавата на имотна диференцијација што настанала кај Запаните Словени. Центарот на неговото настанување бил територијата на Чешка, кон кој се присоединиле и словенските племиња во Моравија и Словачка. Подоцна кон овој сојуз се присоединиле и словенските племиња во Источните Алпи и Панонија. По смртта на кнезот Само, сојузот се распаднал. Името, со ширењето на христијанството и германизацијата во споменативе словенски земји, тие ја изгубиле својата независност и станале вазали најпрво на франечките, а подоцна на германските владетели.
Во процесот на борбата против германската колонизација и воопшто против германските освојувачки воени походи, во почетокот на IX век се создал нов племенски сојуз кој прераснал во Великоморавско кнежевство. Тоа е создадено под водството на Моравските Словени, а кон кои се присоединиле и Словените во Чешка. Извесна самостојност создале и Полапските и Прибалтичките Словени. Најзначаен владетел на Великоморавското кнежевство би кнезот Ростислав. Тој, со цел да го зајакне осамостојувањето на кнежевството, побарал од Византија проповедниците да ја шират богослужбата на словенски јазик. Византискиот цар Михајло III за таа цел ги испратил во Велика Моравија, Кирил и Методиј . Како резултат на ширењето на христијанството на словенски јазик, тие во Моравија успеале да формираат посебна словенска црква. Германските феудалци како и крупното германско свештенство биле против ширењето на христијанството на словенски јазик, а со тоа и противници на самостојноста на Велика Моравија. Тие презеле нови завојувачки воени походи поради кои во почетокот на X век ова кнежевство се распаднало.
Во втората половина на XI век, се создала и Чешката држава. Словенските племиња во Чешка, кои најпрво биле во состав на Самовиот племенски сојуз, а потоа во рамките на Великоморавската држава и во вазален однос на германските цареви во поретокот на XI век почнале да се осамостојуваат нивните кнезови кои во тоа време ја признале врховната власт на германските цареви се повече се издигнувале. Во втората половина на XI век чешкиот кнез Вратослав ја искористил тешката положба на германскиот цар Хенрих IV, поради внатрешните борби, а го принудил да ја признае смостојноста на Чешката држава, во рамките на Германското Царство. Тогаш чешкиот кнез бил признат за крал, а Чешка за кралство.
Речиси во исто време настанала и првата држава на Словените во Полска. Имено, во средината на X век кнезот Мешко ги обединил словенските племиња кои живееле по текот на реката Висла во Полска. Во текот на наредните воени походи под негова власт паднале и другите послки племиња, иако и самиот тој ја признал врховната власт на германскиот цар. Неговиот наследник Болеслав и Храбар успеал Полска да ја ослободи од зависноста на германските цареви. Во 1000 година. Во Полска била создадена самостојна Полска архиепископија која директно била поврзана со папата. За да ја зацврсти власта, на црквата и на благородниците им дарувал имоти и привилегии. Пред крајот на животот Болеслав се прогласил за крал. По неговата смрт Полска почнала да слабее по што наскоро паднала под германска власт.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.