Чајле
село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
Чајле — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.
Чајле | |
Воздушен поглед на селото Чајле | |
Координати 41°48′15″N 20°55′53″E | |
Регион | Полошки |
Општина | Гостивар |
Област | Горен Полог |
Население | 1.236 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1243 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07087 |
Надм. вис. | 510 м |
Чајле на општинската карта Атарот на Чајле во рамките на општината | |
Чајле на Ризницата |
Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Гостивар, недалеку од самиот град Гостивар, на оддалеченост од само три километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од околу 510 метри.[2] Тоа се наоѓа на десниот брег на реката Вардар и практично е приградска населба на Гостивар.
Селото во поголемиот дел се наоѓа на котлинското дно покрај реката Вардар. Источно од селото започнува да се издигнува падината на планината Сува Гора. На јужниот дел од падината се наоѓа помал дел од селото, наречен уште и како Горно Чајле. Во минатото, жителите на Горно Чајле водата за пиење ја добивале од чешми, додека оние во котлинскиот дел копале бунари длабоки од 2 до 4 метри.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Стрчек, Бара, Бегои Ниви, Шкоза, Стежје, Алајска Нива, Аџи Нива, Јурија, Подиште, Градиште или Каља, Киево, Црква и Бунари.[3]
Чајле е селска населба од разреден тип и има три маала. Маалата се наречени Старо, Ново и Горно Чајле. Првите две се наоѓаат на котлинското дно и оддалечени се една од друга околу 300 метри и тие го претставуваат главниот дел на селото. Горно Чајле е оддалечено од главниот дел на селото околу 600 метри. Старо Чајле претставувало православно македонско маало, додека другите две биле муслиманско албански маала (сост. 1947 г.).[3]
Над Чајле на падините на Сува Гора се наоѓа голо варовничко возвишение сместено на околу 800 метри, каде се наоѓа Градиште или Кале. На возвишението се забележуваат остатоци од ѕидови, цигли и дупки исполнети со разновидни материјали.[3]
Во подножјето на Градиште се наоѓа местото Киево. Мештаните мислат дека некогаш тука се наоѓа големо истоимено село, но кое во некоја војна или од чума било уништено. Тогаш била срушена и старата киевска црква „Св. Илија“. На местото каде се наоѓало Киево, денес има ретки остатоци од темели и се наоѓаат стари гробови со крстови. Во 1940-тите години уште можеле да се изнајдат околу 30 добро зачувани гробови.[3]
Денешното Чајле е основано околу 1740-тите години од страна на православните македонските родови Смиљковци и Караџовци.[3]
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Атарот на селото зафаќа простор од 18,2 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 1.073 хектари, на шумите отпаѓаат 388 хектари, а на обработливото земјиште 316 хектари.[2]
Врз основа на составот на атарот селото Чајле има полјоделско-сточарска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.[2]
Во близина на селото се наоѓа истоимениот рудник за доломит.[5]
За време на отоманскиот период, поплодните ниви во котлинското дно биле во посед на гостиварските аги и бегови. Сопственици биле Асан-ага, Вели-бег и други. Асан-ага имал и паша над селото.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чајле живееле 549 жители, од кои 355 Албанци муслимани и 194 Македонци христијани.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чајле имало 216 Македонци под врховенството на егзархијата.[7]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Чајле — село во Чегранска општина во Горнополошкиот срез и има 120 куќи и 686 жители, Албанци и Македонци.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 650 Албанци и 150 Македонци.[9]
Чајле е големо село, коешто во 1961 година имало 1.681 жител, од кои 1.380 Албанци, 288 Македонци и 7 Турци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 2.674 жители, исклучиво албанско население.[2]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Чајле, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.070 жители, од кои 1 Македонец, 3.028 Албанци, 3 Турци и 38 останати.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.236 жители, од кои 3 Македонци, 1.161 Албанец и 72 лица без податоци.[11]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Чајле:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 1.224 |
1953 | 284 | 1.157 | 2 | 0 | 1 | 4 | — | 1.448 |
1961 | 288 | 1.380 | 7 | — | 0 | 6 | — | 1.681 |
1971 | 82 | 1.968 | 0 | 0 | 2 | 9 | — | 2.061 |
1981 | 191 | 2.955 | 0 | 10 | 3 | 7 | — | 3.166 |
1991 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 2 |
1994 | 0 | 2.672 | 0 | 0 | 0 | 2 | — | 2.674 |
2002 | 1 | 3.028 | 3 | 0 | 0 | 38 | — | 3.070 |
2021 | 3 | 1.161 | 0 | 0 | 0 | 0 | 72 | 1.236 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Чајле е мешано село, со православно македонско население и муслимански Албанци. Сите родови потекнуваат од доселеници.[3]
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
Се знае за следниве иселени македонски родови: Силјаноски (1 к.), живеат во Беловиште кај Гостивар и Синадиновци (2 к.), живеат во Галате.[3]
Кон крајот на XIX век, Чајле било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Гостивар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на Општина Чајле, во која покрај Чајле се наоѓале Балин Дол, Корито и Мало Турчане. Во периодот 1950-1952 година, селото било административно седиште на тогашната истоимена општина во која влегувале селата Балин Дол, Мало Турчане и Чајле.
Во селото постојат избирачките места бр. 0404, 0405, 0406, 0406/1 и 2975 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и простории на џамијата во Старо Чајле.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.259 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.330 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.