Ѓурѓевиште
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѓурѓевиште — село во Општина Врапчиште, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.
Ѓурѓевиште | |
Координати 41°53′39″N 20°51′43″E | |
Општина | Врапчиште |
Население | 198 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 07028 |
Надм. вис. | 774 м |
Ѓурѓевиште на општинската карта Атарот на Ѓурѓевиште во рамките на општината | |
Ѓурѓевиште на Ризницата |
До 2004 година, селото било дел од поранешната Општина Неготино-Полошко.
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Врапчиште, на источните падини на Шар Планина.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 58 семејства, 3 неженети и 5 вдовици, сите христијани.[2]
Во XIX век селото било дел од Тетовската каза во Гостиварската нахија во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓурѓевиште живееле 985 жители, од кои 660 Албанци и 325 Македонци.[4]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Галатска општина и имало 74 куќи со 340 жители Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[6]
Селото броело 580 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 676 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 403 жители, од кои 399 Албанци, 3 Македонци и 1 останат. Следува табела на националната структура на населението:[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 1 Македонец, 182 Албанци, 1 Бошњак и 14 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 985 | — | 474 | 525 | 580 | 733 | 744 | 0 | 676 | 403 | 198 |
Ѓурѓевиште е албанско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
Во селото постои избирачкото место бр. 451 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 630 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.