Добри Дол (Гостиварско)
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Добри Дол — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Добри Дол | |
Координати 20°53′14″N 20°53′14″E | |
Општина | Врапчиште |
Население | 3.546 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1236 |
Шифра на КО | 07030 |
Надм. вис. | 528 м |
Добри Дол на општинската карта Атарот на Добри Дол во рамките на општината | |
Добри Дол на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 10 километри северно од Гостивар.
Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добри Дол живееле 940 жители, сите Албанци.[3]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Добри Дол — село во Пожаранска општина во Горнополошкиот срез и има 216 куќи и 1.489 жители, Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.450 Албанци.[5]
Според пописот од 2002 година, во Добри Дол живеат 5.223 жители, од кои 5.206 Албанци, 2 Македонци, 1 Турчин и 14 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.546 жители, од кои 2 Македонци, 3.401 Албанец, 1 Србин, 3 Бошњаци, 2 останати и 137 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 940 | — | 1.489 | 1.972 | 2.322 | 2.447 | 3.295 | 4.124 | 4.016 | 5.223 | 3.546 |
Добри Дол е воглавно албанско село
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Маало Лица
Маало Алиле
Маало Јакупе
Маало Али Синане
Во селото постојат избирачките места бр. 436, 436/1, 437, 437/1, 438, 438/1, 439 и 439/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5.183 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.