From Wikipedia, the free encyclopedia
Централна Африка е средиштен регион во Африка во кој влегуваат Бурунди, ДР Конго, Руанда, Централноафриканската Република и Чад.
Средна Африка (како географски подрегион на ООН) е сличен географски поим кој ги опфаќа Ангола, Габон, Екваторска Гвинеја, Камерун, ДР Конго, Република Конго, Саун Томе и Принсип, Централноафриканската Република и Чад.[1] Сите држави во оваа област на ООН, заедно со другите што обично се сметаат за дел од централна Африка (вкупно 11), ја сочинуваат Економската заедница на централноафриканските држави (ECCAS).[2]
Централна Африка ги опфаќа териториите што, главно, му припаѓаат на сливот на реката Конго. Таа опфаќа дел од внатрешниот слив на езерото Чад и непосредниот слив на Атлантскиот Океан. Се простира во екваторскиот појас, така што се одликува со типична екваторска клима, со високи температури (25°С) и голема влажност. Има густа речна мрежа и разновиден растителен свет, главно претставен со непрегледни прашуми и савани, и разновиден животински свет - слонови, мајмуни, птици, влекачи и инсекти.
Главни стопански гранки се земјоделството, шумарството и сточарството. Од земјоделските култури најразвиени се банани, какао, кафе, памук, пченка. Во шумите најзначајни се тиковото, каучуковото и абоносовото дрво. Од сточарството најразвиено е говедарството. Во Централна Африка постојат разни рудни богатства. Најзастапени се: железо, калај, уран, кобалт и дијаманти. Од индустриските гранки најразвиени се прехранбената, дрвната, текстилната и металната индустрија. Густата и полноводната мрежа на реката Конго со притоките е голем енергетски потенцијал и основа за сообраќајната комуникација во Централна Африка.
Во централна Африка главно живеат народите од групата Банту. Најзастапени се банту-јазиците, а во некои подрачја се говорат и чадските и нилосахарските јазици. Предоминантна религија во централна Африка е христијанството, кое во некои места се одликува со примеси од народните верувања.
Земји во Средна Африка (подрегион на ООН) :
Име | Главен град | Валута | Држ. јазици | Површина (км2) | Население |
---|---|---|---|---|---|
Ангола[3] | Луанда | кванза | португалски | 1.246.700 | 15.941.000 |
ДР Конго[4] | Киншаса | конгоански франк | француски | 2.344.858 | 71.712.867 |
Република Конго[5] | Бразавил | ЦА франк | француски | 342.000 | 4.012.809 |
Габон[6] | Либрвил | ЦА франк | француски | 267.668 | 1.384.000 |
Екваторска Гвинеја[7] | Малабо | ЦА франк | шпански, француски | 28.051 | 504.000 |
Камерун[8] | Јаунде | ЦА франк | француски, англиски | 47.442 | 17.795.000 |
Саун Томе и Принсип[9] | Саун Томе | саотомска добра | португалски | 964 | 157.000 |
Централноафриканска Република[10] | Банги | ЦА франк | санго, француски | 622.984 | 4.216.666 |
Чад[11] | Нџамена | ЦА франк | француски, арапски | 1.284.000 | 10.146.000 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.