Централноафриканска Република
земја во средна Африка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Централноафриканската Република (француски: République centrafricaine, санго: Ködörösêse' 'tî Bêafrîka), позната и само како Централна Африка или под скратеницата ЦАР, е независна држава во Централна Африка. Државата се граничи со Чад на север, со Судан на североисток, со Јужен Судан на исток, со ДР Конго и Република Конго на југ и со Камерун на запад. Централноафриканската Република има вкупна површина од 240,000 км2 и со население од околу 4.4 милиони жители, според проценките за 2008 година. Главен град на државата е Банги, службени јазици се францускиот и санго и најголема религија во земјата е христијанството.
- Оваа статија е за независната држава во Африка. За африканскиот регион со исто име видете „Централна Африка“.
Централноафриканска Република République centrafricaine Ködörösêse tî Bêafrîka |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Unité, Dignité, Travail" (француски) "Единство, гордост, работа" |
||||||
Химна: E Zingo (санго) La Renaissance (француски) Ренесанса |
||||||
Главен град (и најголем) | Банги 4°22′N 18°35′E | |||||
Службен јазик | француски санго |
|||||
Народности | Гбајанци 33% Банданци 27% Манџанци 13% Сарани 10% Мбоуми 7% Мбакани 4% Јакомани 4% други 2% |
|||||
Демоним | Централноафриканец | |||||
Уредување | република | |||||
• | Претседател | Франсоа Возизе | ||||
• | Премиер | Фостин-Аршанж Туадера | ||||
Законодавство | Собрание | |||||
Независност | ||||||
• | од Франција | 13 август 1960 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 622,984 км2 (43-та) | ||||
• | Вода (%) | 0 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 4,422,000[1] (124-та) | ||||
• | Попис 2003 | 3,895,150 | ||||
• | Густина | 7.1 жит/км2 (223-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2011 г. | |||||
• | Вкупен | $3.641 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $767[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2011 г. | |||||
• | Вкупно | $2.165 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $456[2] | ||||
Џиниев коеф. (2008) | 56.3[3] висок |
|||||
ИЧР (2011) | 0.343 низок · 179-та |
|||||
Валута | ЦФА франк (XAF ) |
|||||
Часовен појас | WAT (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | н.п. (UTC+1) | ||||
Се вози на | десно[4] | |||||
НДД | .cf | |||||
Повик. бр. | 236 |
Повеќето од територијата на ЦАР е покриена со суданско-гвинејско савани. Во северниот дел на земјата има сахелско-суданска зона, а во јужниот дел на земјата има екваторски прашуми. Две третини од земјата е дел од басенот на реката Убанги, која тече кон југ кон реката Конго. Остатокот од земјата е дел од басенот на реката Шари, која тече северно кон езерото Чад.
Бидејќи главните географски одлики во земјата се реките Убанги и Шари, за време на колонијалниот период Франција ја именувала колонијата како Убанги-Шари (Oubangui-Chari). Убанги-Шари станала полуавтономна територија во 1958 година, а се стекнала со целосна независност на 13 август 1960 година. Три децении по независноста, државата била управувана од претседатели и еден император кои или не биле демократски избрани или ја зазеле власта насилно. Локалното незадоволство било поддржано од меѓународната јавност по завршувањето на Студената војна.