Холанѓани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Холанѓаните (холандски: Nederlandersⓘ)) се доминанатната етничка група и нација во Холандија.[16] Ти делат заедничка култура и го зборуваат холандскиот јазик, јазик кој спаѓа во групата на западногермански јазици.
Поглед на улица во мал холандски град | |
Вкупен број | |
---|---|
Холаѓани 16 милиони вклучувајќи ја и дијаспората 40 милиони (Сино → родени Холаѓани) (Зелено → пријавено потекло) | |
Подрачја со значајно население | |
Холандија | 13.228.780 (етнички Холанѓани) 472.600[1] |
ЈАР | 7.000.000 [2][3] |
САД | 5.087.191 [2] |
Бразил | 4.434.021[4] |
Франција | 1.456.937[5] |
Канада | 1.000.000 [6] |
Индонезија | 1.000.000[7] |
Германија | 350.000[8] |
Австралија | 320.000[9] |
Суринам | проц. 210.000 |
Обединето Кралство | проц. 200.000 |
Шпанија | проц. 180.000 |
Белгија | 120.970 [10] |
Нов Зеланд | проц. 100.000[11] |
Чиле | проц. 50.000 |
Данска | проц. 30.000[7] |
Турција | проц. 20.000[12] |
Швајцарија | проц. 20.000[13] |
Норвешка | проц. 13.000[14] |
Шведска | проц. 10.000[7] |
Португалија | проц. 9.000 |
Ирска | проц. 4.100[7] |
Австрија | проц. 3.200[7] |
Израел | проц. 2.900[7] |
Кина | проц. 1.400[7] |
Монако | проц. 429[15] |
Русија | проц. 400[7] |
Холанѓаните, или пак потомци на Холанѓаните, може да се најдат во различни земји на светот, како резултат на миграцијата и тоа главно во: Суринам, Канада[17], Австралија[18], Јужноафриканска Република[19], Нов Зеланд и САД[20].
Традиционалната уметност и култура на Холандија и Холанѓаните содржи неколку форми на традиционална музика, танци, архитектонски стилови и облека, од кои повеќето се признати на глобално ниво. Интернационално се познати холандските сликари како Рембрант, Јан Вермер и Ван Гог.
Доминантна религија на сите Холанѓани е христијанството (и римокатолицизмот и протестантството), иако во понови времиња поголемиот дел од луѓето не се верници. Значаен процент на Холанѓани се приврзаници и на хуманизмот, агностицизмот, атеизмот или индивидуализмот.