From Wikipedia, the free encyclopedia
Агностицизмот — филозофско убедување дека вистинитосната вредност на тврдења за постоењето или непостоењето на божества, но и други религиозни и метафизички тврдењане, не може да се утврди ниту докаже.[1][2][3][4] Агностицизмот може да се дефинира на различни начини, а и понекогаш означува сомневање или скептичен пристап кон прашања. Во некои смисли, агностицизмот е став за сличностите или разликите меѓу уверение и знаење, отколку за некое специфично тврдење или верување.
Томас Хаксли, англиски биолог, го сковал зборот agnostic („агностичен“) во 1869 година. Но пред тоа некои мислители и пишани дела го промовираа агностичното гледиште, вклучувајќи ги Протагора, грчки филозоф од 5 век, и митот за создавање „Насадија-сукта“ во Риг-веда, антички хиндуистички религиозен текст. Откога Хаксли го сковал овој термин, многу други мислители имаат пишано опширно за агностицизмот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.