Фудбалска репрезентација на Турција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Турција ја претставува Турција на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Турција (Türkiye Futbol Federasyonu (TFF)).
Сојуз | Фудбалски сојуз на Турција | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Фатих Терим | ||
Капитен | Арда Туран | ||
Најмногу настапи | Рушту Речбер (120)[1] | ||
Најдобар стрелец | Хакан Шукур (51)[1][2][3] | ||
ФИФА код | TUR | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 18 (ноември 2013)[4] | ||
Највисок | 5 (јуни 2004) | ||
Најнизок | 67 (октомври 1993) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Турција 2–2 Романија (Истанбул, Турција; 26 октомври 1923)[5][6] | |||
Најголема победа | |||
Турција 7–0 Сирија (Анкара, Турција; 20 ноември 1949) Јужна Кореја 0–7 Турција (Женева, Швајцарија; 20 јуни 1954) Турција 7–0 Сан Марино (Истанбул, Турција; 10 ноември 1996) | |||
Најлош пораз | |||
Полска 8–0 Турција (Хожов, Полска; 24 април 1948) Турција 0–8 Англија (Истанбул, Турција; 14 ноември 1984) Англија 8–0 Турција (Лондон, Англија; 14 октомври 1987 | |||
Светско првенство | |||
Учества | 2 (првпат во 1954) | ||
Најдобар резултат | 3. место 2002, 2002 | ||
Европско првенство | |||
Учества | 3 | ||
Најдобар резултат | полуфинале, 2008 | ||
Куп на Конфедерации | |||
Учества | 1 (Прво во 2003) | ||
Најдобар резултат | 3. место, 2003 |
Досега, Турција трипати се квалификувала на Светско првенство: 1950, 1954 и 2002. Меѓутоа, пред почетокот на првенството 1950 репрезентацијата морала да се повлече поради финанскиски проблеми. Најдобриот резултат на Светските првенства го оствариле во 2002 во Јапонија и Јужна Кореја освојувајќи го третото место.
На Европските првенства учествувала 3 пати. Најдобриот резултат им е полуфиналето од 2008. Исто така, турската репрезентација има учествувано шест пати на Олимписките игри каде најдобриот резултат го оствариле на игрите во 1948 и 1952 стигајќи до четвртфиналето.
Во 2003 година после откажувањето на Германија, Турција за првпат настапила на Купот на конфедерации и исто како и година дена претходно на Светското првенство го освоила третото место.[7]