From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалскиот Клуб Бурсаспор (турски: Bursaspor Kulübü Derneğ) е турски професионален фудбалски клуб од градот Бурса формиран во 1963 година. Клубот има повеќе прекари од кои најпознати се зелено-белите и зелените крокодили. Боите на клубот се зелена и бела. Во домашни рамки, клубот ја освоил Турската Супер лига во сезоната 2009-10 со што станал само вториот клуб од Мала Азија на кој му успеало тоа, и петти клуб кој ја освоил Турската Суперлига.[1] Клубот исто така го освоил и Турскиот Куп во 1986 година.
Бурсаспор | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Bursaspor Kulübü Derneği | |||
Прекар | Зелени крокодили Зелено-бели | |||
Основан | јуни 1, 1963 | |||
Стадион | Стадион Бурса Ататурк, Бурса | |||
Капацитет | 25,213 | |||
Претседател | Ибрахим Јазици | |||
Тренер | Ертугрул Саглам | |||
Лига | Турска Супер лига | |||
2011/12 | Турска Супер лига, 8мо | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
|
Во сезоната 2009-10, ФК Бурсаспор ја освоил Турската Суперлига за првпат во својата историја со 75 бодови, еден помалце од второпласираниот Фенербахче.[2][3] ФК Бурсаспор станал вториот клуб надвор од Истанбул што ја освоил Турската Супер лига, придружувајќи му се на ФК Трабзонспор кој ја освоил својата прва титула во 1976. Пред да ја освои титулата, Бурсаспор никогаш не бил пласиран во првите три на табелата. Клубот станал четвртиот турски фудбалски клуб кој отворил своја телевизија посветена на клубот. Во групната фаза од Лигата на Шампионите 2010/11 клубот играл во Ц групата заедно со Манчестер Јунајтед, Валенсија и Глазгов Ренџерс.[4] На натпреварот против Глазгов Ренџерс, клубот одлучил играчите да не го носат првиот дрес, бидејќи нивниот дрес наликувал на дресот на најголемиот соперник на Глазгов Ренџерс, Селтик.[5]
Бурсаспор, своите домашни натпревари ги игра на стадионот Бурса Ататурк кој е изграден во 1979 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.