список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Франките на почетокот биле предводени од страна на војводи (воени водачи) и регули (кралеви). Салиските Меровинзи завладеале меѓу Франките и го освоиле поголемиот дел на Римска Галија. Тие воедно ги поразиле и Визиготите во 507. Синовите на Хлодовик го освоиле Кралството Бургундија и ги поразиле Алеманите. Ја земале Прованса и ги покориле Баварите и Турингите. Меровинзите подоцна биле заменети со нова династија наречена Каролинзи во 8 век. До крајот на 9 век, Каролинзите биле заменувани од други династии. Идејата за "Крал на Франките" или Rex Francorum постепено исчезнала докај 12 и 13 век.
Временската табела на франкиските водачи е тешко да се определи бидејќи кралството, согласно старата германска практика, честопати било делено меѓу синовите на водачот после неговата смрт а потоа повторно било и обединувано.
Овој список на рани владетели е нецелосен поради недостиг на целосни историски податоци.
Сите од следниве на списокот можеби се поврзани со Хлодовик и евентуално симнати од престолот пред 509:
На сите Франки
Слика | Име | Дата на раѓање | Дата на умирање | Владеење | Поврзаност со претходникот |
---|---|---|---|---|---|
Хлодовик I | околу 466 | 27 ноември 511 | 509–511 | N/A | |
Хлодовик I ги обединил сите мали франкиски кралства како и владеел со поголемиот дел на Римска Галија освојувајќи го Доменот на Соасон од римскиот генерал Сијагриј како и Визиготското кралство на Тулуза. Го заземал Париз, како и Соасон, Ремс, Мец, и Орлеан кои станале негови главни упоришта. По неговата смрт, кралството било поделено помеѓу неговите четири сина:
Соасон | Париз | Орлеан | Ремс | ||||
Слика | Име | Слика | Име | Слика | Име | Слика | Име |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Хлотар I 511–561 |
Хилдеберт I 511–558 |
Хлодомер 511–524 |
Теодорих I 511–534 [1] | ||||
Го имал Париз потоа и Соасон | |||||||
Теодеберт I 534–548 | |||||||
Теодебалд 548–555 | |||||||
Го добил Соасон 558 | Го добил Соасон во 555 | ||||||
Хлотар I по смртта на браќата или нивните наследници ги наследил сите кралства. После неговата смрт, кралството повторно се поделило меѓу неговите четири синови:
Соасон (Неустрија) |
Париз | Орлеан (Бургундија) |
Ремс и Мец (Австразија) | ||||
Слика | Име | Слика | Име | Слика | Име | Слика | Име |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Хилперик I 561–584 |
Хариберт I 561–567 |
Гунтрам 561–592 [2] |
Сигеберт I 561–575 | ||||
Поделено во 567, веројатно паднато во рацете на Соасон | |||||||
Хилдеберт II 575–595 | |||||||
Хлотар II 584–629 | |||||||
Го добил Ремс и Мец 592 | |||||||
Теодорих II 595-613 |
- | Теодеберт II 595–612 | |||||
Го добил Орлеан во 612 потоа Соасон | |||||||
- | Сигеберт II 613 | ||||||
Го добил Соасон во 613 | |||||||
Дагоберт I 623–629 |
Хлотар II ја поразил Брунхилда и нејзиниот внук, и го обединил кралството. Сепак, во 623, за да ги осигура границите од нападите, на Австразијците им го дал неговиот млад син за крал. Неговиот син и наследник, Дагоберт I, го направил истото назначувајќи подкрал за Аквитаника, со седиште во Тулуза, во 629 и Австразија во 634.
Неустрија, Австразија и Бургундија | Аквитанија | ||
Слика | Име | Слика | Име |
---|---|---|---|
Дагоберт I 629–634 |
Хариберт II 629–632 | ||
Хилперик 632 | |||
Де факто автономија до околу 767. |
Неустрија и Бургундија | Австразија | ||
Слика | Име | Слика | Име |
---|---|---|---|
Дагоберт I 634–639 |
Сигеберт III 634-656/660 | ||
Хлодовик II 639–655 | |||
Хлотар III 655–673 |
- | Хилдеберт III Посвоениот 656-661 | |
Наследено од Хлотар III, но подарено на Хилдерик II во 662. | |||
Хилдерик II 662–675 Обединето владеење од 673–675 | |||
Теодорих III 673 | |||
Хилдерик II 673–675 Сменет Теодорих III до неговата смрт во 675 | |||
Теодорих III 675-691 Обединето владеење после 679 | |||
Хлодовик III 675-676 | |||
Дагоберт II 676-679 | |||
Ги добил Неустрија и Бургундија | |||
Теодорих III бил признат за крал на сите Франки во 679. Оттогаш, кралството на Франките може да се третира повторно како целина со кус период на граѓанска војна.
Слика | Име | Дата на раѓање | Дата на умирање | Владеење | Поврзаност со претходникот |
---|---|---|---|---|---|
Теодорих III | околу 654 | 12 април 691 | 679-691 | N/A | |
Хлодовик IV | c. 678 | c. 695 | 691–695 | син на | |
Хилдеберт IV | c. 670/683 | 23 април 711 | 695–711 | брат на | |
Дагоберт III | околу 699 | 31 декември 715 | 711–715 | брат на | |
Хилперик II | c. 672 | 13 февруари 721 | 715–720 | прв братучед на | |
Хлотар IV | ? | c. 719 | 717–718 противнички крал марионета во Австразија |
роднина на | |
Теодорих IV | околу 712 | 16 март/30 април 737 | 720-737 | син на Дагоберт III | |
интерегнум 737 – 743 | |||||
Хилдерик III | c. 717 | c. 754 | 743–752 | роднина на | |
Каролинзите на почеток биле мајордоми под меровиншките кралеви, прво во Австразија и подоцна во Неустрија и Бургундија. Во 687, Пипин Херисталски ја земал титулата Војвода на Франките (dux et princeps Francorum) после неговото освојување на Неустрија со Битката кај Тертри. Од современите хроничари ова се цитира како почеток на владеењето на Пипинидите. Меѓу 715 и 716, потомците на Пипин биле наследници.
Во март 752,[3][4] Пипин III станал крал на Франките и титулата мајордом изчезнала. Каролинзите ги замениле Меровинзите како владејачка династија.
Луј Побожниот направил многу поделби во текот на неговиот животен век. Последната поделба, прогласена во Вормс во 838, го направила Карло Ќелавиот наследник на запад, вклучувајќи ја и Аквитанија, а Лотар наследник на исток вклучително и Италија додека пак Баварија му била оставена на Лудвиг Германски. Сепак, после смртта на царот во 840, империјата западнала во граѓанска војна која траела три години. Франското кралство било поделено со Верденскиот договор во 843. На Лотар му било дозволено да ја задржи титулата император и неговото кралство во Италија, и му било доделено новонастанатото кралство Средна Франкија, коридор кој се протегал од Италија до Северното Море, и вклучително долноземието, Роналенд, Бургундија, и Прованса. Карло бил потврден во Аквитанија, каде синот на Пипин I, Пипин II, му се спротивставил, и ја добил Западна Франкија (денешна Франција), земјите западно од кралството на Лотар. Лудвиг Германски бил потврден вон Баварија и ја добил Источна Франкија (денешна Германија), земјите источно од кралството на Лотар.
Следнава табела не го дава целосниот список за некои од бројните кралства (регна) на империјата, особено оние кои биле подкралства (субрегна) на Западното, Средишното, или Источното кралство како Италија, Прованса, Неустрија, и Аквитанија.
Западно кралство (или Франција)
Средишно кралство
Источно кралство (или Германија)
Имињата обележани со (*) не биле Каролинзи, туку Робертини.
После ова, династијата Капети владеела со Франција. За понатаму, види Список на француски кралеви.
После смртта на Лотар во 855, кралството било поделено меѓу неговите синови:
Луј ги поделил своите земји меѓу трите сина, но сите на крајот, до 882, припаднале на најмладиот:
После Карло Дебелиот, Источна Франкија била наследена од неговиот внук:
Луј Детето бил последниот источнофранкиски каролиншки владетел. Него го наследил Конрад од Франконија а потоа саксонската Отониска династија. За понатаму, види Список на германски кралеви.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.