From Wikipedia, the free encyclopedia
Луј III (помеѓу 863 и 865 – 5 август 882) бил крал на Франките од 879 до 882. Тој владеел во Западна Франкија, заедно со неговиот помлад брат Карломан II, кој го надживеал и владеел сам по неговата смрт.
Луј III | |
---|---|
Крал на Западна Франкија | |
Првите две страници на старото издание на Песната за Луј, поема напишана во слава на неговата победа врз Викинзите кај Сокур | |
На престол | 879–882 |
Крунисување | септември 879 |
Претходник | Луј Д‘ткавиот |
Наследник | Карломан II |
Роден(а) | 863/865 |
Починал(а) | 5 август 882 Сен Дени, Ил де Франц, Неустрија |
Почивалиште | Базилика Сен Дени |
Династија | Каролинзи |
Татко | Луј Д‘ткавиот |
Мајка | Ансгарда Бургундска |
Луј III бил син на Луј II наречен "Д‘ткавиот" и Ансгарда Бургундска[1]. Тоа бил назначен како единствен наследник од страна на неговиот татко кој го ставил под заштита на Бернар од Оверњ, Опатот Хуго и Бозон од Прованса.
Кога се родил Луј, неговиот татко бил крал на Аквитанија а дедо му Карло Ќелавиот владеел со Западна Франкија. Некои сомневања биле покренати во врска со неговиот легитимитет, бидејќи неговите родители тајно се венчале а Ансгарда подоцна била избркана на инсистирање на Карло. Кога Карло умрел во 877 година, а потоа и Луј Д‘ткавиот починал две години подоцна, некои франциски благородници се залагале за избор на Луј како единствен крал, но друга страна била за тоа секој брат да владее со посебен дел од кралството. Во септември 879 година, Луј бил крунисан во опатијата во Фериер. Во март 880 година, во Амјен, браќата го поделиле татковското кралство, Луј го добил северниот дел, наречен Неустрија.
Во септември 879, благодарение на поддршката на аристократијата на Западна Франкија меѓу кои Бернар од Оверњ, Опатот Хуго, Бозон од Прованса и Теодорих од Вержи, крунисувањето на Луј III и на неговиот помлад брат Карломан набрзина било прославено во опатиската црква Св.Петар и Павле во Фериер, во близина на Монтаржи, од страна на архиепископот од Сенс Ансежиз.
Наследството на Луј II се поделило во март 880 во Амјен[2]: Луј ја добил Неустрија, додека неговиот брат Карломан го добил западниот дел на Бургундија, Аквитанија и Септиманија. Двајцата браќа успеале од наследството да го исклучат Хуго, синот на Лотар II[3].
За да има мир и за да можат да се справат со Норманите, двајцата браќа морале да преговараат со својот братучед Луј Младиот, кој го побарал западниот дел на Лотарингија добиена во 870 од страна на Мерсенскиот договор. На почетокот на 880 година, тие биле принудени да му ја препуштат со потпишувањето на Рибмонскиот договор[4]. Тие исто така морале да се борат и за Бургундија, оспорена од страна на нивниот роднина Бозон, кој се прогласил себеси за крал на вратеното кралство Бургундија (вклучително и Прованса). Во август 880, двајцата браќа тргнале во војна против него и дошле до портите на градот Макон. Војниците на Бозон биле поразени во Битката кај Креш-сир-Саон и Каролинзите си го вратиле грофовството Макон.
На 30 ноември 879, двајцата браќа извојувале убедлива победа врз Викинзите, кои стигнале веќе до Виена[5].
Во август 881 година, Луј III ја добил Битката кај Сокур-ен-Виме, каде погинале околу 8000 Викинзи. Оваа победа имала значително влијание. Тоа била овековечена преку „Песната за Луј“ (старогорногермански: Ludwigslied), која веројатно била напишана набргу после битката[6].
Луј III умрел на 5 август 882 на околу 18 годишна возраст. Тој ја скршил главата на работ на некоја премногу ниска врата и паднал од коњот додека ја бркал ќерката на некој Гермонд, која трчала да се засолни во куќата на нејзиниот татко.[7][8] Неговото тело било погребано во базиликата Сен-Дени. Неговиот брат Карломан станал единствен крал на Западна Франкија.
Луј III Роден(а): 863x65 Починал(а): 5 август 882 | ||
Претходник Луј Д‘ткавиот |
Крал на Западна Франкија 10 април 879 – 5 август 882 со Карломан II |
Наследник Карломан II |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.