From Wikipedia, the free encyclopedia
Хариберт II (роден во 606/610 – починат на 8 април 632), крал на Аквитанија од 629. Тој е син на Хлотар II, крал на Франките и на Сихилда[1]. Тој е крал на Аквитанија од 629 до неговата смрт во 632.
Хариберт II | |||||
---|---|---|---|---|---|
Крал на Аквитанија | |||||
Хариберт II. Златни монети (тремиси) исковани во Банасак. Кабинет на медали, Национална библиотека на Франција. | |||||
На престол | 629 - 632 | ||||
Претходник | Хлотар II | ||||
Наследник | Дагоберт I | ||||
Роден(а) | 606/610 | ||||
Починал(а) | 8 април 632 (на околу 22-26 години) | ||||
| |||||
Династија | Меровинзи | ||||
Татко | Хлотар II | ||||
Мајка | Сихилда |
Тој е полубрат на Дагоберт I. Понекогаш сметан како простодушен (можеби станувало збор за некоја обична физичка немоќ) [2], татко му веројатно доброволно го тргнал настрана од кралската моќ.
Во декември 626 во Клиши, согласно волјата на татко му Хлотар и неколку дена после венчавката на Дагоберт со Гоматруда, Св. Аманд ги венчал Хариберт и Фулберта [3]. Не е исклучена можноста Фулберта да е некој лик измислен во текот на 20 век или 21 век од страна на некои историчари (лажни Меровинзи).
Во 629, поттикнат од поборници на Неустрија кои биле до вујко му Бродулф, тој станува крал на Аквитанија, кралство на територија отстапена од страна на Дагоберт I. Ова кралство се протегало сè до Пиринеите, вклучувајќи неколку грофовии кои се наоѓале меѓу Тулуза и Бордо но исто така и регионите на Каор, Ажен, Периге и Сент[4]. Престолнина му била Тулуза. Аквитанија служела како тампон зона меѓу визиготска Септиманија и франкиското кралство на Дагоберт[5]. Тоа било под закана на наездите на Баските или "Васконците"[6].
Во 630, вујко му Бродулф бил убиен од страна на неговиот полубрат Дагоберт во Сен-Жан-де-Лозн во Бургундија[7].
Тој присуствувал на крштевањето на Сигеберт, синот на Дагоберт и на Рагнетруда[8].
На 8 април 632, Хариберт починал по кусо владеење од три години[9]. Неговото тело било закопано во базиликата Сен-Ромен, во Блај[10].
Тој е татко на Хилперик (626-633[11]), кој хрониката на Фредегер го споменува како мртов уште во колевка[12], веројатно убиен на барање на Дагоберт I[9]. Оваа смрт му овозможила на Дагоберт повторно да стави рака на Аквитанија којашто бил принуден да му ја отстапи на Хариберт.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.