From Wikipedia, the free encyclopedia
Пипин од Ланден или Пипин Стариот (роден околу 580 - починат во 640[1]) бил мајордом на палатата на Австразија од 615 до 629, потоа од 639 до 640.
|
Во ниеден денешен документ не е споменато името на неговите родители а делото Vita Garitrudis abbatissae Nivialencis напишано во 7 век се ограничува да каже дека неговото потекло било толку славно што секој во Европа го знаел името и славата на неговите предци. Во 10 век, ’’Генеалогијата на франското кралство’’[2] зборува за « Карломан, мајордом на палатата на Австразија под Теодеберт II [596-612] и татко на Пипин »[3], потоа во 10 век, ’’Животот на војводите Пипин’’ [4] за него едноставно вели дека бил син на некој Карломан, без да даде повеќе прецизности. Современата документација овозмужа да се потврди дека не постоел мајордом кој се викал Карломан на почетокот на 7 век. Историчарите се поделени во однос на ова прашање, некои целосно ја отфрлаат информацијата [5]. Сепак оваа белешка за Карломан како татко на Пипин во Vita Pippini ducis не била со претенција и се чини дека произлегува од поинаков извор од Genealogia regum Francorum. Згора на тоа, кога се родил Карло Мартел, продолжувачот на хрониката Фредегер, наведува дека неговиот татко Пипин Хересталски му дал име на својот сопствен јазик, односно на мајчиниот јазик, што покажува дека името Карло потекнува од семејството на мајка му, значи онаа на Пипин од Ланден [6].
Што се однесува до мајка му, таа останува непозната бидејќи не е спомената ни во постарите ни во современите извори. Сепак, може да се забележи во блиското сродство на Пипин одреден број на луѓе кои носеле агилолфиншки имиња. Тој впрочем бил брат на една која се викала Валдрада[7] и татко на некој Гримоалд и некоја Гертруда. Бидејќи ниеден документ не го споменува Пипин како Агилолфинг, тој можеби бил врзан со тоа семејство од страна на мајка му.[8].
Тој за првпат е цитиран во хрониката на Фредегер во 613, како еден од благородниците од Австразија кои го повикале Хлотар II со цел да го поттикнат да го освои кралството на Австразија и да ја тргне од престолот Брунхилда. Арнулф, исто така австразиски благородник, се придружил на ова. Откако го победил кралот Сигеберт II и го освоил кралството на Австразија, Хлотар II на Пипин му го доверил образованието на постариот негов син, идниот крал Дагоберт I. Во 623, главните австразиски благородници, меѓу кои Пипин и Арнулф, кој станал владика на Мец, на Хлотар му побарале нивен самостоен крал. Пред нивното настојување, Хлотар II за крал на Австразија го именувал својот син Дагоберт а на Пипин му го доверил местото мајордом на палатата на Австразија [9]. Дагоберт I го наследил татка си во 629 во целото франско кралство, и наскоро се оттарасил од советниците поставени од страна на татко му: Арнулф морал да ја напушти Мецката епископија а Пипин бил обесчестен и заменет од страна на војводата Адалгизел [10].
По смртта на кралот Дагоберт, во 639, Пипин се поврзал со некој Цуниберт и му се придружил на Сигеберт III, крал на Австразија, кој го именувал за мајордом на палатата и му дал задача да оди во Компиењ да собере третина од кралското богатство кое било наменето за Сигеберт. Но тој не успеал да ја искористи вратената моќ бидејќи наскоро починал, во 640 година.[11].
Се оженил со Ита Идоберга која, според Annales Laubienses, напишани во 11 век, била од семејство на сенатори на Аквитанија, сестра на Модоалд, владиката од Трев. Од овој брак се родени :
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.