УЕФА Лига на шампиони 2006/07 — 15. сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 52. сезона од основањето на натпреварувањето.
Натпреварувањето започнало со одигрувањето на првото квалификациско коло кое започнало на 11 јули 2006 година, а завршило со одигрување на финале на 23 мај 2007 година одржано на Олимпискиот стадион Спиридон Луис во Атина, Грција. Во финалето екипата на Милан издвоила победа над Ливерпул со резултат 2:1 со тоа освојувајќи ја својата седма титула во најсилното европско фудбалско натпреварување.
Седумдесет и три клубови од 50 национални сојузи од државите членки на УЕФА. Од секоја држава имало одреден број на претставници во УЕФА Лигата на шампионите врз основа на коефициентот на лигата во државата; сојузот со поголем коефициент имал повеќе свои претставници од оној национален сојуз со помал коефициент, но сепак, ниеден сојуз не смеел да биде претставуван со повеќе од четири клубови. Сите фудбалски сојузи имале барем еден претставник во квалификациите, освен Лихтенштајн, чии клубови се натпреварувале во швајцарските лиги, но ниеден во Швајцарската Супер лига.
Сојузи 1-3 (Шпанија, Англија и Италија): 4 претставници
Сојузи 4-6 (Франција, Германија и Португалија): 3 претставници
Сојузи 7-15: 2 претставници
Сојузи 16-50: 1 претставник
Фудбалските сојузи на Сан Марино и Анд Сојузи Сан Марина и Андора немале ниеден претставник во квалификациите за УЕФА Лигата на шампиони.
Прво квалификациско коло: (24 претставници)
24 шампиони од сојузите 26–50 (без Лихтенштајн)
Второ квалификациско коло: (28 претставници)
12 победници од првото квалификациско коло
10 шампиони од сојузите 16-25
6 вицешампиони од сојузите 10-15
Трето квалификациско коло: (32 екипи)
14 победници од второто квалификациско коло
6 шампиони од сојузите 10-15 (Шкотска, Турција, Чешка, Русија, Австрија и Украина)
3 вицешампиони од сојузите 7-9 (Холандија, Грција и Белгија)
6 третопласирани од сојузите 1-6
3 четвртопласирани од сојузите 1-3
Групна фаза: (32 екипи)
бранител на титулата
16 победници од третото квалификациско коло
9 шампиони од сојузите 1-9
6 второпласирани од сојузите 1-6
Повеќе информации Групи, Трето квалификациско коло ...
* Поради вооружените судири во Израел, УЕФА донела одлука овој натпревар да се игра на неутрален терен. Натпреварот бил одигран на стадионот Валери Лобановски во Киев.
Ждрепката за натпреварувањето по групи се одржала на 24 август 2006 година во Монако. Натпреварувањето во групната фаза траело од 12 септември до 24 август 2006 година.
Првите две екипи од секоја група се пласирале во осминафиналето, додека третопласираните екипи го продолжиле својот настап во шеснаесетфиналето во УЕФА Купот. Според параграфот 4.05 во УЕФА правилникот за таа сезона, доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови по завршувањето на групната фаза, нивниот редослед се одредува според следните правила:
поголем број на бодови освоени во меѓусебните натпревари;
подобра гол разлика остварена во меѓусебните натпревари;
поголем број на голови постигнати на гости во меѓусебните натпревари;
подобра гол разлика од сите одиграни натпревари во групната фаза;
поголем број на постигнати голови во сите натпревари од групната фаза;
поголем коефициент кој клубот го остварил, како и фудбалскиот сојуз во кој клубот припаѓа во претходните 5 сезони.
Повеќе информации Легенда на бои ...
Легенда на бои
Тимови кои се пласирале во осминафиналето
Тимови кои го продолжуваат својот настап во УЕФА Купот
Ждрепката за осминафиналето се одржала на 15 декември 2006 година во Нион, Швајцарија. Првите натпревари биле одиграни на 20 и 21 февруари, а реванш натпреварите на 6 и 7 март 2007 година.
Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето се одржала на 9 март 2007 година во Атина, Грција. Првите натпревари биле одиграни на 3 и 4 април, а реванш натпреварите на 10 и 11 април 2007 година.