From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Копенхаген (дански: Football Club København), или едноставно ФКК — дански фудбалски клуб од главниот град на Данска, Копенхаген. Моментално се натпреварува во Суперлигата на Данска, првото ниво на данскиот фудбал.
ФК Копенхаген | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Копенхаген | |||
Прекар | Løverne (лавови) | |||
Основан | 1 јули 1992 | |||
Локација | Копенхаген, Данска | |||
Стадион | Паркен | |||
Капацитет | 38,065 | |||
Сопственик | Алан Агерхолм | |||
Тренер | Јакуб Неструп | |||
Лига | Суперлига | |||
2022–23 | Суперлига, 1-ви (шампиони) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1992 година, како надградба на КБ и Б 1903. ФК Копенхаген е еден од најуспешните клубови во Данска: моментално има освоено 15 титули во данското првенство, рекорд кој го делат со екипата на КБ, како и 9 освоени Купови на Данска. Во европскиот фудбал, ФКК стигнал до групната фаза на Лигата на шампионите и групната фаза на Лигата на Европа повеќе пати од кој било друг дански клуб, и е единствениот дански клуб кој стигнал до нокаут фазата на Лигата на шампионите.
Копенхаген ги игра своите домашни натпревари на стадионот Паркен. Најголем ривал на ФКК им е Брондби, со кои развиле жестоко ривалство уште од самото основање на клубот. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Дерби на Копенхаген и имаат најголема посетеност во историјата на данскиот фудбал.[1]
Од своето основање, клубот ги игра своите домашни натпревари на стадионот Паркен, познат и како Телија Паркен, кој се наоѓа во Копенхаген и може да собере 38.065 гледачи.
Изграден на локацијата на Идретспаркен, кој го користел КБ, Паркен бил домаќин на финалето на Купот на победниците на куповите 1993-1994, во кое Арсенал ја победил Парма со 1-0 и финалето на Купот на УЕФА 1999-2000, во кое Галатасарај ги победиле токму „топџиите“ по изведување пенали.
|
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.