Тур Даун Андер 2020 — 22. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер, која се одржала помеѓу 21 и 26 јануари како прв настан во сезоната на Светската турнеја.[1]
Бидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Екипата на Универзитетот на Јужна Австралија добила специјална покана за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 20 екипи.[3]
Екипи од Светската турнеја на UCI (19)Национална екипа- УниСА-Австралија
|
|
Повеќе информации Етапа, Датум ...
Затвори
[4]
Повеќе информации Генерален пласман, Возач ...
Затвори
На Тур Даун Андер 2020 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ќе ја добие охра маичката.[5] Овој пласман се сметал за најважен на Тур Даун Андер 2020 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со сина маичка.[5] Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите 15 места на некоја етапа. За победа на етапа, возачот заработувал 15 бода, кои се намалуваат за еден бод сè до еден бод за 15. место. Бодови за пласманот исто така можеле да се добијат и на средните спринтови на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нудат бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала точкестата маичка.[5] Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.
Четвртата маичка ја претставува пласманот за млад возач, обележан со белата маичка.[5] Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите кои се родени на и по 1 јануари 1995 година можеле да учествуваат во пласманот. Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време. Дополнително, постоела награда за борбеност која се доделувала по етапата на возачот кој од страна на жири се сметал за „најборбен“. Победникот на наградата наредната етапа го носел црвениот број.[5]
Повеќе информации Етапа, Победник ...
Затвори
Почетен состав