австралиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Лукас Хамилтон (англиски: Lucas Hamilton; р. 12 февруари 1996 ) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2]
Хамилтон на Трката околу Фландрија за млади 2016 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Лукас Хамилтон |
Роден | 12 февруари 1996 Арарат, Викторија, Австралија |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | специјалист за искачување[1] |
Аматерски клубови | |
2016 | Џајко-АИС академија Светска турнеја |
Последна промена 28 октомври 2022 |
Хамилтон се квалификувал за Летните олимписки игри 2020 и возел на друмската трка. Трката била одржана во лоши услови, а на нејзе завршил на 71. место.[3][4]
Хамилтон започнал со велосипедизам како дванаесетгодишен со локалниот клуб. Поради добрите резултати добил стипендија од Институтот за спорт на Викторија во 2014 година.
Хамилтон го добил првиот повик во националната репрезентација на 20 години, во 2016 година. Се тркал на Светското друмско првенство под 19 години и потоа го освоил планинскиот пласман на Тур де л’Авенир 2016. Трката се смета како Тур де Франс под 23 години, а на трката завршил второпласиран.[5]
Хамилтон потпишал тригодишен договор со Орика-Скот во 2017 година. Истата година го освоил океанското друмско првенство под 23 години и завршил на импресивните втори места на Џиро Чиклистико д’Италија 2017, ГП Палио дел Речото и ГП Мармо.
Хамилтон бил прогласен најдобар млад возач на австралискиот еднодневен класик Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“. Се приклучил на Мичелтон-Скот во 2018 година и оттогаш продолжил да има напредок во светските пласмани. Ги освоил првата и втората етапа на Хамер Ставанџ, а во 2019 година ги освоил првата и четвртата етапа на Трката околу Чешка.
Во мај 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[6]
Се вратил во Австралија за Тур Даун Андер 2020, каде завршил на деветтото место. Исто така, завршил втор на националното друмско првенство. Истата година, Лукас ја освоил својата прва победа во Светската турнеја на четвртата етапа на Тирено-Адријатико.
Хамилтон ја започнал својата четврта професионална година потпишувајќи со Тим БајкЕксчејнџ. Ја предводел екипата на Тур де Франс 2021 во нивната кампања за генералниот пласман.
Распоред на резултатите на големите трки | |||||
Голема трка | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 25 | СО | — | 13 |
Тур | — | — | — | СО | — |
Вуелта | — | — | — | 54 | 78 |
Распоред на резултатите на етапните трки | |||||
Етапна трка | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Париз-Ница | — | — | — | 4 | СО |
Тирено-Адријатико | — | — | 32 | — | — |
Волта а Каталуња | — | — | НСО | 10 | — |
Трка околу Баскија | 61 | 15 | — | СО | |
Тур де Романди | 28 | — | 8 | — | |
Критериум ди Дофине | 47 | — | — | — | — |
Тур де Свис | — | — | НСО | — | — |
— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.