географски регион составен од островите на Тихиот Океан From Wikipedia, the free encyclopedia
Тихоокеански острови или пацифички острови — поим кој се однесува на островите во Тихиот Океан. Зависно од контекстот, може да ги подразбира земјите и островите во Океанија од заедничко австронезиско потекло, или пак оние подоцна населени од такви народи.
Поимот „тихоокеански острови“ може да има различни значења. Според едно, ова ја подразбира Океанија во геополитичка смисла.[1][2] Некаде, под поимот се мисли на островите колонизирани од Британците, Французите, Холанѓаните, Американците и Јапонците, како што се Питкерн, Тајван и Борнео.[3] Други пак, ги подразбираат островите од австронезиско потекло како Тајван, Индонезија, Микронезија, Полинезија и островите на Бурма, кои водат потекло од неолитските култури на островот Тајван.[4] Во рамките на Тихиот Океан има многу острови кои не се сметаат за дел од Океанија. Такви се архипелагот Галапагос (Еквадор), Алеутските Острови (Алјаска, САД), Ванкувер (Канада), Сахалин и Курилските Острови (Русија), Тајван и останатите острови на Република Кина. Такви се и Филипините, островите во Јужнокинеското Море, највеќето острови во Индонезија и Јапонија, која се состои од островите во Јапонскиот Архипелаг.
На списоков се наведени сите острови сместени во географското подрачје на Тихиот Океан и зафаќаат површина од преку 10.000 квадратни километри.
Име | Површина (км2) |
Држава | Население | Густина (жит/км2) |
---|---|---|---|---|
Нова Гвинеја | 785.753 | Индонезија и Папуа Нова Гвинеја | 7.500.000 | 9,5 |
Хоншу | 227.960 | Јапонија | 103.000.000 | 451,8 |
Сулавеси | 174.600 | Индонезија | 18.455.000 | 105,7 |
Јужен Остров | 145.836 | Нов Зеланд | 1.038.600 | 7,1 |
Северен Остров | 111.583 | Нов Зеланд | 3.393.900 | 30,4 |
Лусон | 109.965 | Филипини | 48.520.000 | 441,2 |
Минданао | 104.530 | Филипини | 25.281.000 | 241,9 |
Тасманија | 90.758 | Австралија | 514.700 | 5,7 |
Хокаидо | 77.981 | Јапонија | 5.474.000 | 70,2 |
Сахалин | 72.493 | Русија | 580.000 | 8,0 |
Тајван | 35.883 | Република Кина | 23.000.000 | 641 |
Кјушу | 35.640 | Јапонија | 13.231.000 | 371,2 |
Хајнан | 35.400 | НР Кина | 8.900.000 | 251,4 |
Нова Британија | 35.145 | Папуа Нова Гвинеја | 513.926 | 14,6 |
Ванкувер | 31.285 | Канада | 759.366 | 24,3 |
Шикоку | 18.800 | Јапонија | 4.141.955 | 220,3 |
Нова Каледонија | 16.648 | Франција | 208.709 | 12,5 |
Палаван | 12.189 | Филипини | 430.000 | 35,3 |
Вити Леву | 10.531 | Фиџи | 600.000 | 57,0 |
Хаваи | 10.434 | САД | 185.079 | 17,7 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.