политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Тимчо Муцунски (р. 29 јули 1989 во Берово) — македонски политичар. Тој моментално е министер за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во минатото бил заменик министер, пратеник и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Тимчо Муцунски | |
---|---|
Министер за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 23 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Силјановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Претходник | Бујар Османи |
Градоначалник на Општина Аеродром | |
На должноста 31 октомври 2021 – 23ти јуни 2024 г. | |
Претходник | Златко Марин |
Наследник | Дејан Митески |
Пратеник во Собранието | |
На должноста 2020–2021 | |
Претседател | Стево Пендаровски |
Премиер | Зоран Заев |
Заменик-министер за информатичко општество | |
На должноста ноември 2015 – јули 2017 | |
Претседател | Ѓорге Иванов |
Премиер | Никола Груевски |
Наследник | - |
Лични податоци | |
Роден(а) | 29 јули 1989 Берово, СР Македонија, СФРЈ |
Народност | Македонец |
Партија | ВМРО - ДПМНЕ |
Занимање | Политичар |
Вероисповед | Православие |
Основно образование го почнал во Њујорк, Соединетите Држави, а го завршил во Основното училиште „Љубен Лапе“. Средно образование има завршено во Отава, Канада. Завршил прв циклус на правни студии и дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во јуни 2009 година. По дипломирањето се запишал на постдипломски студии (правни студии од втор циклус). Магистерскиот труд успешно го одбранил на 4 јули 2011 година и се стекнал со називот магистер по право. Во 2019 година ги завршил докторските студии (трет циклус студии по правни науки) на Правниот факултет „Јустинијан Први”.[1]
Со одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“, д-р Тимчо Муцунски за првпат бил избран за демонстратор во 2009 година. Со одлукa на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“, м-р Тимчо Муцунски во 2015 година бил избран со звањето асистент - докторанд. Во 2019 година е избран за Доцент на научната област римско право.[1]
Тимчо Муцунски има екстензивно научно и апликативно искуство од областа на правото. Тој е со-автор на два основни универзитетски учебници, во издание на Правниот факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” и тоа: „Корпоративно управување“ (2014) и „Право на игрите на среќа“ (2013). Истовремено тој е и со-автор на 20 научни и стручни трудови од областа на правните науки објавени во меѓународни научни списанија. Во својство на научен работник има посетено голем број странски универзитети, а во четири наврати бил предавач на пленарен панел на меѓународни конференции организирани од страна на Институтот Хариман при Универзитетот Колумбија во Њујорк, Соединетите Држави. Тој има учествувано во голем број меѓународни научни проекти во соработка со реномирани странски универзитети како и државни установи од земји членки на Европската унија.[1]
Од 2015-2017 година, Тимчо Муцунски бил заменик министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија.[2]. Од 2018 година, бил избран за Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.[3]. Во 2020 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. На 17 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Тимчо Муцунски победил во првиот круг и станал градоначалник на Општина Аеродром. Тој ја претставувал коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.