Теорија за релативноста
From Wikipedia, the free encyclopedia
Теорија за релативноста — теорија во физиката што впрочем опфаќа две теории од Алберт Ајнштајн: Специјалната и Општата теорија.[1] (Со поимот релативност може исто така да се опише една од постарите теории т.е. Галилеева релативност.)
Основните цели на Теоријата за релативноста се:
- Мерките за различни количества се релативни во однос на брзините на набљудувачите. Особено такви се, просторното стеснување и временската дилатација.
- време-простор: просторот и времето треба да се земаат взаемно како една димензија.
- брзината на светлината не е променлива, иста е за сите набљудувачи.
Поимот „теорија за релативноста“ е заснован на „релативна теорија“ во германскиот јазик (Relativtheorie) израз употребен од Макс Планк во 1906 г. кој објаснува како теоријата го употребува начелото на релативноста. Во расправата во истиот труд Алфред Бухерер за првпат го употребил изразот „теорија за релативноста“ на германски јазик (Relativitätstheorie).[2][3]