Галилеева релативност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Галилеева инваријантност или Галилеева релативност наведува дека законите на движење се исти во сите инерцијални системи. Галилео Галилеј прв го опишал овој принцип во 1632 во неговото дело Дијалог за двата главни светски системи користејќи го примерот на брод што патува со постојана брзина, без лулање, на мирно море; секој набљудувач под палубата не би можел да каже дали бродот се движел или бил во мирување.