Време-простор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Време-простор — секој математички модел во физиката што ги здружува просторот и времето во секој преплетувачки континуум. Од 300 година п.н.е време-просторот во нашиот универзум историски е разгледуван преку Евклидовиот простор, од каде произлегува дека просторот има три димензии, и времето се смета за една димензија, „четвртата димензија“. Со здружувањето на времето и просторот во единствно многуобразие наречено Mинковскиев простор, физичарите значајно ги поедноставиле големиот број на физички теории, и исто така го објасниле на многу еднообразен начин работењето на универзумот во супергалактчките и субатомските нивоа.