From Wikipedia, the free encyclopedia
Теодосиј I (латински: Flavius Theodosius, грчки: Θεοδόσιος Α '), познат како Теодосиј Велики, бил римски цар во периодот од 379 до 395 година. Тој е најдобро познат по наметнувањето на христијанската религија и решителната забрана на сите други религии во империјата. Теодосиј е последниот римски цар кој владеел со целата Римско Царство[7][8], откако ја обединил за последен пат, само неколку месеци пред неговата смрт во почетокот на 395 година. По неговата смрт, империјата засекогаш била поделена на два дела - источна и западна.
Теодосиј I | |||||
---|---|---|---|---|---|
67-ми Цар на Римското Царство | |||||
На престол | 19 јануари 379 – 15 мај 392 (цар на Источното Римско Царство; 15 мај 392 – 17 јануари 395 (цела империја) | ||||
Претходник | Валенс на Источното Римско Царство Грацијан на Западното Римско Царство Валентинијан II во Западното Римско Царство | ||||
Наследник | Аркадиј на Источното Римско Царство; Хонориј на Западното Римско Царство | ||||
Роден(а) | 11 јануари 347 Сеговија, денешна Шпанија | ||||
Починал(а) | 17 јануари 395 Милано | (aged 48) ||||
Почивалиште | |||||
Сопружник | 1) Елија Флацила (?–385) 2) Гала (?–394) | ||||
Деца | Аркадиј Хонориј Пулхерија Гала Плацидија | ||||
| |||||
Династија | Теодосиева династија | ||||
Татко | Флавиј Теодосиј.[6] | ||||
Мајка | Термантија | ||||
Вероисповед | христијанство |
Роден во 347 година во градот се наоѓа во денешната област Сеговија, Шпанија[9], во аристократско христијанско семејство, Теодосиј од млад станал голем следбеник на православното христијанство. Татко му Флавиј Теодосиј е брилијантен војвода, постигнал голем број успеси на бојното поле во Британија, Мавританија и Дунавската граница. Младиот Теодосиј се појавил за првпат под команда на неговиот татко во 374 година каде бил назначен за дук на Мизија. Во времето кога неговиот татко бил погубен по наредба на царот Грацијан во 376 година, идниот цар Теодосиј се повлекол од функцијата и живеел во својата родна провинција.
По катастрофалната битка кај Адријанопол во август 378 година, империјата паднала во критична ситуација. Источниот цар Валенс загинал во битката, победените легии биле неорганизирани, балканските провинции страдале од инвазијата на разбеснетите Готи. Самата престолнина Цариград била ставена под голема закана.
Инфилтрирањето на Готите во Тракија, по крупната победа против источниот цар Валенс кај Адријанопол, значително ја променило ситуацијата во империјата.
Во функција на поефективно менаџирање на готскиот проблем, западниот цар Грацијан (367–383) за нов источен цар го назначил Теодосиј I (379–395). За таа цел, покрај источниот дел од империјата, на Теодосиј привремено му била доверена и формалната воено-административна одговорност за целата префектура Илирик. Својата воено-политичка и идеолошка активност од самиот почеток Теодосиј ја фокусирал врз Балканот, промовирајќи го Солун во привремено царско седиште (379 г.). Истовремено во Солун било трансферирано и седиштето на префектурата Илирик од Сирмиум. По првичниот успех во воениот ангажман против Готите на Балканот, пролетта 380 г., Теодосиј претрпел понижувачки пораз. Есента истата година заболениот цар во Солун лично бил покрстен од епископот Ахолиј. Ваквиот чин бил комплементарен со Теодосиевиот едикт публикуван во Солун (февруари 380 г.), што претставувало промоција на доминацијата на Никејската догма во Империјата. По повлекувањето на Теодосиј во Цариград (ноември 380 г.), одговорноста во разрешувањето на готската криза и во администрирањето со префектурата Илирик ја презел западниот цар, во согласност со претходниот договор.
Теодосиј I успеал со огромна генијалност да се справи со готската опасност. Теодосиј започнал преговори за мир со готските водачи. Главно средство на политиката на Теодосиј I станало склучувањето на т.н.. foedus, договори, според кои дојденците стануваат федерати - ги задржуваат својата автономија и закони, но се обврзани да служат на империјата како помошни војници. По завршувањето на Готската војна во 382 година, варварските племиња официјално добиле право да останат во земјите помеѓу Дунав и Стара Планина. Варварските контингенти го пополниле недостигот на римски волонтери во легии, но како резултат на тоа, во периодот до околу средината на 5 век готските федерати го сочинувале поголемиот дел од армијата на Источната империја.
Во 387 година, новиот западен цар Валентинијан II, по бегството од Италија поради узурпаторот Максим, го востановил царското седиште во Солун. Тоа било проследено со трансферирање на седиштето на префектурата Илирик од Милано во Солун. Воено-политичкиот сојуз помеѓу Теодосиј и Валентинијан II, склучен во Солун, летото 387 г., резултирал со санкционирање на перманентниот трансфер на префектурата Илирик во политичките граници на источната империја.
Инволвирањето во средувањето на работите на Западот на Теодосиј му обезбедило доминатна позиција во Империјата. Меѓутоа, несредената воена ситуација на Балканот, како и крупното востание што избило во Солун (390 г.), го оневозможиле да го ефектуира договореното формално издвојување на префектурата Илирик од Италија. Крвавиот масакр врз солуњаните на кој Теодосиј се решил во април 390 г., што резултирало со 7.000 жртви[10], го довел царот до директна конфронтација со миланскиот епископ Амбросио, кој застанал во одбрана на интересите на Западната црква. Новонастанатата состојба го навела Теодосиј да прифати помирлив однос со Западната црква, како и да пристапи кон решителни акции за разрешување на готскиот проблем на Балканот. Предвремената смрт на Теодосиј (395 г.) резултирала со дефинитивна поделба на Империјата на Источна (Византија) и Западно Римско Царство, која била ефектуирана со распределбата на власта помеѓу малолетните синови Хонориј и Аркадиј.
Теодосиј бил решен да го искорени ересот и во своето владеење издал вкупно единаесет едикти. Од друга страна, тој бил толерантен кон Евреите и по неколкупати издавал наредби за повторното градење на синагоги, уништени од христијаните. Тој бил апсолутен противник на паганството и издал неколку закони со кои го забранил пренесувањето на жртви во чест на боговите, и дозволил голем број храмови да бидат уништени или да бидат претворени во цркви[11][12]. Најмногу драстичните закони против паганството биле издадени во 391-392 година. Во овој период, сите храмови во целата империја биле затворени за посета, а било забрането дури и приватното поклонение пред паганските богови под заканата од жестоки казни. Најголем дел од рушењето на паганските храмови му се припишува на Матерн Кинегиј[13][14][15][16][17][18]. Во периодот од мај до 9 јуни 381 година бил одржан Вториот вселенски собор во Цариград[19][20] со цел да се стави крај на аријанскиот спор кој продолжил и по Првиот вселенски собор во Никеја. На продолжување на аријанската контроверза придонело и прогонството на Свети Атанасиј Велики[21], како и поддршката која аријанците ја добивале од страна на наследниците на Константин Велики - Констанциј II, Констанца и Валенс.
За разлика од претходните владетели на источната империја, Теодосиј I управувал во согласност со големите земјопоседници, аристократијата и свештенството, фаворизирајќи ги нивните интереси со донации на нови земјишта и привилегии. Повикал во Цариград благородни фамилии од Шпанија и Галија. Благодарение на оваа негова политика, Теодосиј ја зацврстил својата власт. Теодосиј ги зголемил даноците, бидејќи администрацијата имала потреба од поголем обем на средства потребни за плаќање на варварските наемни војници, како единствениот начин да биде продолжена унијата и мирот со готските федерати на империјата.
Во времето на Теодосиј во престолнината биле обновени ѕидините на градот[22]. Во близина на денешниот плоштад Бајазид во Истанбул, бил изграден Форум на Теодосиј[23][24], кој бил пронајден при ископувањата во 1958 година. Најзначаен споменик од негово време е Египетскиот обелиск кој бил поставен на хиподромот а денеска може да се види пред плоштадот Султанахмед, како и Златната порта која подоцна била реновирена и затворена од Османлиите. До крајот на 4 век во Цариград живееле повеќе од 100.000 лица. Во текот на овој период, новите жители на градот, бидејќи немало место во внатрешноста на ѕидините започнале своите куќи да ги градат надвор од ѕидините. Во втората половина на 4 век, во градот работеле филозофите Темистиј и Синезиј, теолозите Григориј Богослов, Јован Златоуст и Нил Синајски.
Во управувањето на Теодосиј I на источната граница владело мир со Персија, што дало можност да одржува активна политика на запад. Во 383 година Сирија била заштитена од напад на сарацините. По дипломатски пат, Римјаните успеале да ја заземат Западна Ерменија и Колхида.
Во 383 година во Западната империја бил извршен воен удар против царот Грацијан, кој бил соборен од власт и убиен. Бранејќи ја правата на неговиот брат, малолетниот цар Валентинијан II, Теодосиј започнал војна против узурпаторот Максим во Италија, поддржан од варварските делегати. Во 388 година тој постигнал победа и го вратил на престолот Валентинијан II, додека Максим и неговиот син биле погубени.
Во 392 година Валентинијан II бил убиен и Теодосиј бил принуден повторно да војува, овој пат против Арбогаст и неговата марионета - узурпаторот Евгениј. Теодосиј и во оваа војна излегол како победник, погубувајќи го узурпаторот во 394 година. По ова, тој заминал во Милано каде починал[25]. По неговата смрт во јануари 395 година Теодосиј Велики бил погребан во Цариград[26].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.