From Wikipedia, the free encyclopedia
Нерва (латински:Marcus Cocceius Nerva) бил првиот римски цар од династијата на Антонините. Познат е и како Марко Кокцеј Нерва.
Роден е на 8 ноември 30 година во Рим, денешна Италија[3]. Со Римското Царство управувал од 18 септември 96 година до 25 јануари 98 година. Тој е еден од нарачателите на убијството на Домицијан. Двете години, во кој бил цар, тој раководeл заедно со Трајан, а по неговата смрт, Трајан останал сам цар. Во негово време, привремено биле прекинати гладијаторските борби, големи хектари на земја биле расподелени помеѓу најсиромашните жители на империјата, бил основан фонд за издржување на сираците и изоставените деца.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.