From Wikipedia, the free encyclopedia
Телепатија (грчки τηλε, теле значи „далечина“, а патија значи „влијаење“) се однесува на пренос на инфомрации преку мисли или чувства меѓу индивидуалци, на поинаков начин, а не со користењето на петте класични сетила.[1] За човекот кој е способен да користи телепатија се вели дека е способен да ги чита мислите на другите луѓе. Телепатијата заедно со психокинезата спаѓа во главната гранка на истражувања на парапсихологијата. Напишани се бројни студии во обид да се истражи и да се разбере телепатијата.
Телепатијата е честа тема во научната фантастика, каде суперхероите ја имаат оваа способност.
Во рамките на парапсихологијата, телепатијата се смета за облик на вонсетилно восприемање (ESP). Често се става во категорија со прекогницијата и јасновидост.[2] Користени се различни експерименти за да се тестираат телепатските способности. Меѓу најпознатите е употребата на Зенерови карти и Ганцфелдски експеримент.
Зенеровите карти се карти обележани со пет различни симболи. Се користат во пар, каде едниот учесник е „испраќач“ на информацијата, а другиот „примач“. Испраќачот по случаен избор зема една карта и го визуелизира симболот на неа, а примачот треба да ја погоди картата. Статистички, 20% од шпилот карти можат да се погодат сосема случајно, па според тоа за да се сфати како способност за телепатија треба да бидат погодени повеќе од 20% од картите.[3]
Парапсихологијата опишува неколку различни форми на телепатија, меѓу кои спаѓаат латентната, скриена телепатија и прекогнитивната телепатија.[1]
Латентната телепатија, е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за време на преносот.[4]
Прекогнитивната телепатија е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за идната состојба на умот на поединецот.[1]
Полето кое ги проучува паранормалните феномени како што е телепатијата се нарекува парапсихологија. Постои општа согласност меѓу парапсихолозите дека некои случаи на телепатија се реални.[5][6] Скептиците, пак, велат дека случаите на очигледна телепатија се резултат на измама или лажење на себеси, и дека телепатијата не постои како паранормална способност.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.