Во Република Македонија постојат голем број на политички партии кои учествуваат во политичкиот живот на државно и локално ниво. Со воведувањето на повеќепартискиот систем во СР Македонија во 1990, престанува политичкиот монопол на Сојузот на комунистите на Македонија (Комунистичка партија на Македонија до 1952) и во државата нагло се појавуваат голем број на партии. Таа година се регистрирани 24 политички партии. На првите парламентарни избори истата година учествуваат уште три политички субјекти и четири политички партии. Наредната година се регистрираат 14 политички партии, а во 1992 година уште 18, 10 партии во 1993 година, седум во 1994, четири во 1995, три во 1996 и две партии во 1997 година. Во пресрет на парламентарните избори во 1998 година се регистрирани нови седум партии. Најсиромашна е 1999 година - регистриран е само еден политички субјект. Затоа, пак, наредната година се појавуваат 10 нови партии.[1]
Според податоците од Основниот суд Скопје 2, каде што се води регистарот на партии, до декември 2009 година во Македонија се регистрирани 99 партии. Тоа, е всушност намалување од претходниот број од 150 партии во 2005. Од тие 99 партии, само 45 биле усогласени со новиот закон за политички партии според кој на секои две години доставуваат податоци за бројот на членови. Овој начин на пререгистрација се бара за да се спречи појавата партии да се формираат пред избори за лични интереси, а потоа да исчезнуваат.[1]
Најголем број од овие партии се мали и имаат незначително влијание на политичката сцена, а некои се комплетно неактивни. Малите партии ретко се решаваат за самостоен настап на изборите и најчесто стануваат долгорочни коалициони партнери со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во македонскиот блок, или ДУИ и ДПА во албанскиот блок.
Ова е список на партиите кои имаат освоено мандати на парламентарните избори во 2016, по број на мандати:[2]
Повеќе информации Име, Коалиција ...
Затвори
Во продолжение следи азбучен список на партиите кои не освоиле мандати во Собранието, а кои учествувале на парламентарните избори во 2008, самостојно или како дел од коалиција[3], како и на локалните и претседателските избори во 2009:
- Македонски Концепт (МКД; самостојна)
- Бошњачка демократска партија (БДП; дел од За подобра Македонија)
- Партија на слобода и правда (ПСП; 2020 - Во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија (ВМРО-НП; самостојно)
- Движење за национално единство на Турците (ДНЕТ; самостојно)
- Демократска лига на Бошњаците во Република Македонија (ДЛБ; 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Демократска унија на Албанците (ДУА; Bashkimi Demokratik Shqiptar, BDSh; 2008 - самостојно, 2009 - не учествува)
- Демократска унија на Ромите (ДУР; 2008 - дел од За подобра Македонија, 2009 - самостојно)
- Демократски сили на Ромите (ДСР; 2008 - не учествува, 2009 - дел од За подобра Македонија)
- Демократски сојуз на Власите од Македонија (ДСВМ; 2008 - дел од СОНЦЕ. Коалиција за Европа, 2009 - самостојно)
- Зелена партија на Македонија (ЗПМ; 2008 - дел од СОНЦЕ. Коалиција за Европа, 2009 - не учествува)
- Левица (формирана во февруари 2016)
- Граѓанско Демократска Унија (Македонија) (Нова Партија)
- Коалиција "Заедно за Шуто Оризари"(коалиција на ромски партии, 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Народно движење за Македонија (НДМ; 2008 - дел од За подобра Македонија, 2009 - самостојно)
- Национална демократска унија (НДУ; 2008 - самостојно, 2009 - не учествува)
- Нова алтернатива (водач: Ѓорѓи Оровчанец)
- Нова Демократија (водач: Имер Селмани)
- Нова либерална партија - НЛП, партија формирана од Зоран Крстевски во 2009
- Обединета партија за еманципација (ОПЕ; дел од За подобра Македонија)
- ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија (водач: Љупчо Ристовски)
- Обединети за Македонија - партија формирана од Љубе Бошковски во 2009
- Партија за европска иднина (водач: Фијат Цаноски)
- Партија за интеграција на Ромите (ПИР; дел од За подобра Македонија)
- Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР; дел од За подобра Македонија)
- Партија на Власите од Македонија (ПВМ; дел од За подобра Македонија)
- Партија на Зелените (ПЗ; дел од За подобра Македонија)
- Партија на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ; 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Партија на пензионерите на Република Македонија (ППРМ; 2008 - дел од СОНЦЕ. Коалиција за Европа, 2009 - самостојно)
- Партија на слободни демократи (ПСД; самостојно)
- Работничко земјоделска партија на Република Македонија (РЗП; дел од За подобра Македонија)
- Радикална странка на Србите во Македонија (РССМ; самостојно)
- Реформирана комунистичка партија на Македонија (РКПМ; 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Сојуз на Титови леви сили (СТЛС; самостојно)
- Социјалдемократска партија на Македонија (СДПМ; самостојно)
- Социјалдемократска унија (СДУ; 2008 - не учествува, 2009 - самостојно)
- Македонска алијанса
- Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин (ТМОРО-ВЕП; 2008 - самостојно, 2009 - во коалиција со ВМРО-ДП)
- Трајно македонско радикално обединување (ТМРО; 2008 - самостојно, 2009 - дел од За подобра Македонија)
Членови на некои овие партии се дел од општинските совети, или пак се носители на јавни функции. Ова особено важи за помалите партии од коалицијата За подобра Македонија.
Следува азбучен список на партии кои учествувале на парламентарните избори од осамостојувањето до 2008. Овие партии не се активни на изборите, голем дел од нив се згаснати, а дел од нив се припоени кон други партии.[5][6][6][7][8][9]
- Балканска федерација - Балкан без граници - партија регистрирана на 5 декември 1990
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Вистинска македонска реформска опција (ВМРО-ВМРО; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Гоце Делчев - Радикална демократска партија (ВМРО-ГД-РДП; 1994 - самостојно)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Движење за обнова на Македонија (ВМРО-ДОМ; 1998 - самостојно)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија (ВМРО-ДП; 2008 - самостојно, 2009 - во коалиција со ТМОРО-ВЕП)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Обединета (ВМРО-Обединета; 1994, 2002 - самостојно)
- ВМРО-Илинден слободни демократи - партија отцепена од ВМРО-ДПМНЕ, на почетокот од 90-тите
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Македонска (водач Борис Стојменов)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Македонски национален демократски сојуз (ВМРО-МНДС; 1994 - самостојно)
- Внатрешна македонска револуционерна организација - Татковинска (ВМРО-Татковинска; 1994 - самостојно)
- Граѓанско-либерална партија на Македонија (ГЛПМ; 1994, 1998 - самостојно)
- Движење за семакедонска акција - МААК (МААК, 1990, 1994 - самостојно)
- Демократска алеанца на Албанците (ДААМ; 2006 - во коалиција со НДС)
- Демократска алтернатива (ДА; 1998 - во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, 2002, 2006 - самостојно)
- Демократска десница (ДД; 2011-2012)
- Демократска партија (ДП; 1994 - самостојно, бојкот на вториот круг)
- Демократска партија за православно единство на Србите и Македонците (ДППЕСМ; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
- Демократска партија на Македонија (ДПМ; 1998 - во коалиција со ЛДП, како и со МААК-КП и МА, 2002, 2006 - самостојно)
- Демократска партија Напред Македонијо - Форца (ФОРЦА; 2002, 2006 - самостојно)
- Демократска прогресивна партија на Ромите во Македонија (ДППРМ; 1994 - самостојно, 1998 - во коалиција со повеќе партии од националностите)
- Демократско-републиканска унија на Македонија (ДРУМ; 2006 - самостојно)
- Демократски сојуз - Партија на земјоделците на Македонија (ДС-ПЗМ; 1990, 1994 - самостојно)
- Демократски сојуз на просветните работници и граѓани на Македонија (ДСПРГМ; 1994 - самостојно)
- Демократски сојуз на Србите во Македонија (ДССМ; 2002 - самостојно и дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија)
- Демократски сојуз на Турците во Македонија (ДСТМ; 1990 - самостојно)
- Демократски центар (ДЦ; 2002 - во коалиција со ПЗ)
- Демохристијанска партија на Македонија (ДХПМ; 1990, 1994 - самостојно)
- Европска партија на Македонија (ЕПМ; 2006 - дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ)
- Земјоделска народна партија на Македонија (ЗНПМ; 2006 - самостојно)
- Комунистичка партија на Македонија (КПМ; 1994, 1998, 2002, 2006 - самостојно)
- Леви сили на Македонија (ЛСМ; 2006 - самостојно)
- Либерална партија (водач: Ивон Величковски)
- Лига за демократија (ЛД; 1990 - самостојно, 1998 - во коалиција со ДА и ВМРО-ДПМНЕ, 2002 - дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија, 2006 - самостојно)
- МААК - Единствена македонска опција (МААК-ЕМО; 2002 - самостојно)
- МААК - Конзервативна партија (МААК-КП; 1998 - во коалиција со МА и ДП)
- Македонска алијанса (МА; 1998 - во коалиција со МААК-КП и ДП, 2002 - во коалиција со МНП)
- Македонска народна партија (МНП; 2002 - во коалиција со МА)
- Македонска христијанска партија (МХП; 2002 - дел од коалицијата Вистински пат)
- Македонска партија (МП; 2006 - самостојно)
- Македонска партија за мир и независност
- Македонски национален фронт (МНФ; 1994 - самостојно)
- Македонско народно движење
- Млада демократско-прогресивна странка (МДПС; 1990 - во коалиција со СРСМ, како и СПМ)
- Млади европски федералисти - МЕФМ, движење формирано од Нано Ружин и др. на 23 декември 1991, денес НВО
- Многунационална народна партија на Македонија (МННПМ; 1994 - самостојно)
- Народна волја (НВ; 2002 - самостојно)
- Национална алтернатива (2006 - самостојно)
- Народна демократска партија (НДП, 1990 - во коалиција со ПДП, 1994 - самостојно, 1998 - во коалиција со ПДПА, 2002, 2006 - самостојно)
- Народна партија на Македонија (НПМ; 1990 - самостојно)
- Нова демократија (НД; 2002 - самостојно) да не се меша со Нова Демократија
- Нова социјал-демократска Партија (1994 - во коалиција со ДП) да не се меша со современата НСДП
- Нови демократски сили (НДС; 2006 - во коалиција со ДААМ)
- Ново комунистичко движење на Македонија (НКДМ; 1994 - самостојно)
- Обединета партија на Ромите од Македонија (ОПРМ; 2002 - дел од За Македонија заедно)
- Обединети Македонци (2006 - самостојно)
- Партија за демократска акција - Вистински пат (ПДА - ВП; 1998 - самостојно)
- Партија за демократска акција - Исламски пат (ПДА - ИП; 1994 - во коалиција со ДПТ)
- Партија за демократска иднина (ПДИ; 2006 - самостојно)
- Партија за демократски просперитет (ПДП; Partia e prosperiteti demokratike, PPD; самостојно)
- Партија за демократски просперитет на Албанците (ПДПА; 1998 - коалиција со НДП, денешна ДПА)
- Партија за демократско движење на Египќаните во Македонија (ПДДЕ; 2002 - дел од коалицијата Граѓанска алијанса на Македонија)
- Партија за директна акција
- Партија за единство на Ромите во Македонија (ПЕР; 2002 - самостојно)
- Партија за економска обнова (ПЕО; 2006 - самостојно)
- Партија за напредок (марксисти) (1991-1995)
- Партија за социјална правда на Македонија (ПСПМ; 1994 - самостојно)
- Партија на правдата (ПП; дел од За подобра Македонија)
- Политичка партија на невработените на Македонија (ППНМ; 1994 - самостојно)
- Преродба и обединување на македонските национални идеали (ПОМНИ; 2002 - самостојно)
- Прогресивна партија (2002 - самостојно)
- Работничка партија (РП; 1994, 1998 - самостојно)
- Работничка партија на Македонија (1990, 1994 - самостојно)
- Републиканска партија на Македонија (1994, 2002 - самостојно)
- Републиканска партија на народно единство (РПНЕ; 1998 - самостојно)
- Семакедонска работничка партија на Македонија (СРПМ; 2002 - самостојно)
- Сојуз на комунисти на Македонија (СКМ; 1994, 1998 - самостојно)
- Сојуз на комунисти на Македонија - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП; 1990 - самостојно, денешен СДСМ)
- Сојуз на пензионерите на општина Битола (СПОБ; 1990 - самостојно)
- Сојуз на реформски сили на Македонија (СРСМ; 1990, самостојно и во коалиција со МДСМ, како и СПМ)
- Социјалистичка христијанска партија на Македонија (СХПМ; 1998 - самостојно, 2002, 2006 - дел од За Македонија заедно)
- Партија на Југословените во Република Македонија (СЈРМ; 1990, 1994 - самостојно)
- Форум за човекови права - партија формирана од Томислав Чокревски, регистрирана во 90-тите
- Центар на демократски сили (ЦДС; 2006 - самостојно)
- Албански сојуз - партија формирана во 2010, за веќе на почетокот на 2011 да се спои со ДПА.
Избори ’90: Конечни резултати од изборите за пратеници во собранието на СР Македонија. Скопје: Републичка изборна комисија. 1990.
Парламентарни избори ’98: Конечни резултати од „Парламентарните избори ’98. Скопје: Државна изборна комисија. 1999.
Избори 1994: Конечни резултати од изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија. Скопје: Републичка изборна комисија. 1994.