Македонски претседателски избори (2009) — четврти претседателски избори во Република Македонија. Беа одржани на 22 март и 5 април 2009, во исто време со изборите за локална самоуправа. На изборите учествуваа седум кандидати, а победи Ѓорѓе Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Кратки факти Кандидат, Партија ...
Македонски претседателски избори, 2009
Македонија
2004 
22 март (прв круг)
5 април (втор круг)
 2014

 
Кандидат Ѓорге Иванов Љубомир Фрчкоски
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Добиени гласови Прв круг
345.850
Втор круг
453.616[1]
Прв круг
202.691
Втор круг
264.828[1]
Удел Прв круг
35,04%
Втор круг
63,14%
Прв круг
20,54
Втор круг
36,86%


претседател пред изборите

Бранко Црвенковски
СДСМ

Избран за претседател

Ѓорѓе Иванов
ВМРО-ДПМНЕ

Затвори

Предизборни анкети

Според анкетата, спроведена во јануари 2009 година, најголема поддршка имал Срѓан Керим, кој официјално подоцна истакнал дека нема да се кандидира за претседател, пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

Анкета од февруари 2009 покажала дека Иванов води со 27%, а по него следеле Фрчкоски со 13%, Бошкоски со 10%, Селмани со 9% и останатите кандидати заедно со 18%. Во двобој, Иванов би победил над Фрчкоски со 36% наспрема 21%, но со голем број на неодлучени граѓани.[2] Анкета која била спроведена кратко пред изборите покажала дека Иванов води со 23,1% пред Селмани со 13,3% и Фрчкоски со 9,7%; 23,9% биле неодлучени.[3]

Прв круг

Во првиот круг, Иванов водел значајно пред другите кандидати со 35%, наспроти Фрчкоски кој добил 20% доволни за второ место, и со тоа продолжил во вториот круг. Имер Селмани од Нова Демократија кој бил наречен „македонскиот Обама“ за неговата способност да ги пречекори етничките граници и да ги привлече и македонските гласачи, покрај албанските, бил најуспешниот од останатите кандидати, освојувајќи 15% од гласовите доволни за трето место, со независниот Бошкоски блиску зад него.[4][5] 103 гласачки места не можеле да бидат отворени поради обилните врнежи од снег; гласањето требало да биде одложено таму.[6] Меѓутоа, поради фактот што гласањето во тие места не можело да го промени на конечниот редослед во никој случај, тие сепак не биле отворени.

Скоро 7.000 македонски и 500 странски набљудувачи ги следеле изборите во околу 3.000 гласачки места.[7] Фер и демократски избори е точка која се смета за важен фактор за приклучувањето на Македонија кон НАТО и Европската Унија.

Втор круг

Нова анкета, спроведена една седмица пред вториот круг, покажала дека Иванов води со 25,4% од гласовите наспроти Фрчкоски со 13,8% (односно, 69% наспроти 31% од одлучените граѓани).[8][9]

Неколку дена пред да се одржи вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се согласиле да се поддржат една со друга и на локалните и на претседателските избори.[10]

Делумно поради постоењето на многу гласачи во избирачките списоци кои ја напуштиле Македонија пред многу години и живеат во странство, и делумно поради недостигот на мотив за етничките Албанци да учествуваат во вториот круг, постоеле стравувања дека може да не биде исполнет минималниот цензус од 40% во вториот круг, правејќи ги изборите неважечки.[11]

Резултати

Во првиот круг кој бил одржан на 22 март 2009 никој од кандидатите не го освоил потребното апсолутно мнозинство, па бил одржан втор круг на 5 април 2009, во којшто се гласало за двата кандидати со најголем број гласови во првиот круг - Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчкоски.

Одзивот на гласачите во вториот круг бил 42,61%, малку над законскиот минимум од 40%.

Повеќе информации Кандидати и партии-номинирачки, Прв круг ...
e  d Резултати од македонските претседателски избори одржани на 22 март и 5 април
Кандидати и партии-номинирачки Прв круг Втор круг
Гласови % Гласови %
Ѓорѓе Иванов (ВМРО-ДПМНЕ) 345.850 33,93 453.616 59,37
Љубомир Фрчкоски (Социјалдемократски сојуз на Македонија) 202.691 19,88 264.828 34,66
Имер Селмани (Нова Демократија) 147.547 14,47  
Љубе Бошкоски (независен) 146.878 14,41
Агрон Буџаку (Демократска унија за интеграција) 73.629 7,22
Нано Ружин (Либерално демократска партија) 40.042 3,92
Мируше Хоџа (Демократска партија на Албанците) 30.225 2,96
Неважечки ливчиња 32.386 3,21 45.589 5,97
Вкупно (одѕив %) 1.019.268 100,00 764.039 100,00
Source: SEC, SEC
Затвори

Неважечки ливчиња

Имало значаен број на неважечки ливчиња и во двата круга: 3,15% во првиот круг и дури 5,87% во вториот. Според извештаи од медиумите, тоа било резултат на апатијата на гласачите и разочараноста од истите. Имало извештаи за група на Facebook наречена „Гласајте за Чак Норис за претседател“ со илјадници обожаватели.[12] Имало извештаи според кои на илјадници ливчиња биле рачно допишани имиња како „Чак Норис“, „ГОСПОД“, „Џими Хендрикс“ или „Џорџ Буш“.[13][14]

Извори

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.