Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Либерално демократската партија — македонска политичка партија со либерална ориентација. Партијата е наследник на Демократската и Либералната партија, кои на 19 април 1997 се обединиле, формирајќи ја ЛДП. За прв претседател на ЛДП е избран Петар Гошев, дотогашниот претседател на Демократската партија. ЛДП е полноправна членка на Либералната Интернационала. Моментален водач на партијата е Моника Зајкова.
Либерално-демократска партија | |
---|---|
Водач | Моника Зајкова |
Основана | 19 април 1997 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | либерализам |
Собрание | 1 / 120 |
Општини | 1 / 80 |
Мрежно место | |
www.ldp.mk | |
Знаме | |
Политика на Македонија Политички партии Избори |
На парламентарните избори 1998 година ЛДП настапи во коалиција со Демократската партија на Македонија (ДПМ) од Тетово. На овие избори ЛДП освои 79.000 гласови (4 пратенички мандати). За пратеници беа избрани: Петар Гошев, Стојан Андов, Латиф Пајковски и Слободан Даневски. На Првиот конгрес на ЛДП во пролетта 1999, а по неуспехот на парламентарните избори 1998, Петар Гошев се повлече од претседателската функција. За нов претседател е избран Ристо Пенов, дотогашен потпретседател на партијата.
Во 1999 во текот на Косовската војна, ЛДП влезе во Владата на Република Македонија. За член на Владата, како министер без ресор, беше избран Радован Стојкоски. Како помошник министер за развој беше избрана Лилјана Поповска. По завршувањето на Косовската војна, ЛДП се повлече од Владата.
На претседателските избори во 1999 година ЛДП учествуваше со свој кандидат, Стојан Андов. Тој на овие избори освои 112.000 гласови и не успеа да се пласира во вториот круг.
На почетокот на 2000 дел од припадниците на поранешната Либерална партија на чело со Стојан Андов (и со пратениците Пајковски и Даневски) ја напушти ЛДП и ја формира Либералната партија на Македонија. Истата година, на Локалните избори 2000 година ЛДП настапи како дел од коалицијата За Македонија заедно, во која членуваа и СДСМ, СПМ и Лигата за демократија.
Во коалиција со СДСМ, ЛДП учествуваше на парламентарните избори 2002 година, освојувајќи 13 пратенички места и влегувајќи во новата влада со 4 министри.
Во 2005 година ЛДП доживеа уште едно отцепување. Лилјана Поповска ја напушти партијата и формира своја партија, Демократска обнова на Македонија.
На парламентарните избори во 2006 година, ЛДП повторно настапи во коалиција со СДСМ и освои 5 пратенички мандати. Претседателот на партијата, Ристо Пенов, најави повлекување од водачката позиција, по што, на 11 февруари 2007 година за нов претседател на Партијата е избран Јован Манасијевски.
Во 2009, партијата за првпат настапува самостојно на локалните и претседателските избори каде што го кандидира порашниот амбасадор при НАТО, проф. д-р Нано Ружин.
На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоила 2 пратенички места.
На парламентарните избори во 2024 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоиле 1 пратеничко место.
На Парламентарните избори на 5 јуни 2011 година партијата добила вкупно 16.551 гласови. Поради лошиот изборен резултат и неосвојувањето на ниедно пратеничко место, претседателот Манасијевски на 6 јуни 2011 поднел неотповиклива оставка.[1] На негово место е избран Андреј Жерновски.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.