![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ef/Dimetrodon.jpg/640px-Dimetrodon.jpg&w=640&q=50)
Синапсиди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Синапсидите (науч. Synapsida, што значи "споен лак") се група на животни која ги вклучува цицачите и сите оние групи на животни кои се еволутивно поблиски до цицачите отколку до другите современи амниоти.[1] Примитивните синапсиди најчесто се нарекуваат пеликосаури, додека понапредните цицачовидни синапсиди се нарекуваат терапсиди. Немамалиските членови се опишуваат како цицачовидни влекачи во класичната систематика,[2][3] но во кладистичката терминологија се означуваат како „базални цицачи" или „протоцицачи".[4] Синапсидите еволуирале од базалните амниоти и се една од двете главни групи од подоцнежните амниоти (при што другата се сауропсидите - влекачи и птици). Се разликуваат од останатите амниоти по тоа што имаат еден отвор (слепоочна јама, темпорална фенестра) на нивниот череп што се развила кај синапсидниот предок пред околу 324 милиони години, за време на доцниот карбон.
Синапсиди Период: доцен мисисип - рана креда Потомскиот таксон Цицачи живее и денес | |
---|---|
![]() | |
Скелет на Dimetrodon grandis | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Наткласа: | Четириношци |
(нерангирано): | Влекачолики |
(нерангирано): | Амниоти |
Класа: | Синапсиди Osborn, 1903 |
Подгрупи | |
| |
Синоними | |
|
Синапсидите биле доминантните копнени животни во средниот и доцен перм. Како и со речиси сите тогаш постоечки групи, нивните бројност и разновидност биле значително редуцирани за време на пермското изумирање. Некои видови преживеале и во тријас, но архосаурите набрзо станале доминантни животни, при што неколку од немамалиските синапсиди го надминале тријас, иако имало преживеани видови и во креда. Но, тие ги вклучувале и праисториските предци на цицачите, па затоа синапсидите се сè уште современа класа на ‘рбетници. Синапсидите, денес (особено луѓето) повторно се доминантни копнени животни по надминувањето на птиците при К-Т изумирањето.