From Wikipedia, the free encyclopedia
Терапсидите (Therapsida) образуваат група на синапсиди која ги вбројува цицачите и нивните непосредни еволутивни предци. Терапсидите се наследници на сфенокодонтите (парафилетска подгрупација на пеликосаури). Пеликосаурите биле доминантната синапсидна групација од среден карбон и перм (пред 300-240 милиони години) и вбројувале такви животни како диметродонот. Терапсидите прво се јавиле во фосилниот запис за време на среден перм (пред 270 м.г.), а потоа исчезнале за време на рана креда (пред 120 м.г.). Во текот на овој период тие биле разновиден и широко распространет ред на животни.
Терапсиди Период: Долен перм–долна креда, | |
---|---|
Илустрација на Pristerognathus, тероцефалиски терапсид. | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Потколено: | Vertebrata |
Класа: | Synapsida |
Ред: | Therapsida * Broom, 1905 |
Клади | |
|
Пеликосаурите започнале да развиваат хетеродонтни заби, односно заби кои се диференцијално специјализирани за одредени задачи. Овој тренд продолжил во терапсидната вилица каде може да се најде првобитниот бауплан на мамалиското забало; присутни се секачи, песјаци и катници. За разлика од пеликосаурите кои имале издолжена става, кај терапсидите екстремитетите биле поставени веднаш под телото, нешто што повеќе наликува на нивните современи мамалиски наследници. Исто така, кај терапсидите се појавуваат и се згуснуваат влакната (како една одлика на цицачите). Друга забележлива одлика која ги одделила терапсидите од пеликосаурите биле двојните тилни кондили (точката на зглобување на черепот и ‘рбетниот столб). Единствената друга групација на животни каде се среќаваат двојни тилни кондили се водоземците, но тоа е како резултат на конвергентна еволуција наместо заедничко потекло.
Постојат две поголеми групации на терапсиди: месојадни териодонти и растениејадни аномодонти. И тука постои кладистички спор, бидејќи некои научници ги сметаат овие групации за различни клади, а додаваат и трета група: диноцефали (нема непосредна врска во диносаурусите). Териодонтите биле најразнообразните месојади од горен перм и биле предци на цинодонтите, кои, пак, се предци на цицачите.
На крајот од тријас, терапсидите и нивните наследници забележале пад. Една група на диапсиди позната како група на диносауруси набрзо станале доминантни сувоземни ‘рбетници. Терапсидите и цицачите биле маргинализирани во помали еколошки ниши, па затоа само оние животни кои можеле да се адаптираат на оваа промена преживеале. Цицачите успеале да го пребродат овој период, но не и терапсидите кои изумреле.
Меѓутоа, во раните 1990-ти во Алберта бил пронајден фосил кој укажува на тоа дека барем еден вид на цинодонт (Chronoperates paradoxus) успеал да преживее и до палеоцен (пред 55 м.г.).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.