From Wikipedia, the free encyclopedia
Диапсидите (Diapsida, што значи "два лака") се група на влекачи кои развиле две слепоочни јами на секоја страна од нивниот череп пред околку 300 милиони години, за време на доцен Карбон. Денешните диапсиди се многу разнообразни и во нив припаѓаат крокодилите, гуштерите, змиите и туатарата. Според современите класификациски системи, дури и птиците се сметаат за диапсиди, бидејќи еволуирале од диапсидни предци, па затоа се сместуваат во диапсидниот клад. Иако некои диапсиди ја изгубиле едната јама (гуштери), или двете (змии), па дури и имаат многу различна градба на черепот (денешните птици), тие сепак се класифицираат како диапсиди поради нивните предци. Постојат околу 7 925 видови на диапсидни влекачи (преку 14 600 доколку се вклучат и птиците).
Диапсидни влекачи Период: Доцен Карбон-денес | |
---|---|
Дијаграм на диапсидниот череп и коските од кои е составен j: југална, p: париетална, po: посторбитална, q: квадратна, qj: квадратојугална, sq: сквамозна коска. | |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Reptilia |
Поткласа: | Diapsida Osborn, 1903 |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Видете во текстот. |
Диапсидите традиционално се систематизираат врз основа на нивните две слепоочни јами (наследени од нивниот предок), наречени темпорални фенестри, кои се наоѓаат постериорно над и под окото. Ваквиот распоред овозможува прикрепување на поголеми, посилни вилични мускули и ѝ овозможува на вилицата да се отвори пошироко. Понеочигледна особина наследена од нивниот предок е релативно долгата долна коска на раката (полупречникот), за разлика од горната коска на раката (хумерус).
Најпрво диапсидите се класифицирани како една од четирите поткласи од класата влекачи, кои се разликувале по бројот и распоредот на отворите во черепот. Другите три поткласи беа Synapsida (еден отвор во долниот дел на черепот, каде припаѓаат "цицачовидните влекачи"), Anapsida (без отвори во черепот, каде се сместени желките и нивните сродници) и Euryapsida (еден отвор во горниот дел на черепот, каде се однесувале многу праисториски морски влекачи). Со напредокот на филогенетската номенклатура, овој систем на класификација бил силно изменет. Денес синапсидите најчесто не се сметаат за вистински влекачи, додека за еуриапсидите се покажа дека се неприроден збир на диапсиди кои изгубиле еден од нивните черепни отвори. Некои истражувања сугерираат дека ова е случај и кај желките, правејќи ги високоизменети диапсиди кои оставиле само некои праисториски форми во Anapsida. Во филогенетските системи, птиците (потомци на традиционалните диапсидни влекачи) исто така се сметаат за членови на оваа група.
Добро познати изумрени диапсидни групи се диносаурусите, птеросаурусите, плезиосаурите, мозасаурите и многу понепознати линии. Систематиката на повеќето од раните групи е динамична и е предмет на промена.
Подолу е прикажан кладограм кој ги покажува односите меѓу поглавните групи на диапсиди.
Diapsida |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
„Диапсиди“ на Викивидовите ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.