Серија А 2013-2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Серија А 2013-2014 била 112-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 82-ра сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 24 август 2013 со два натпревари во првиот ден и завршила на 18 мај 2014. Како што било случај во претходната сезона, првите две кола (25 август и 1 септември) биле играни само во вечерните часови односно од 18:00 и 20:45 часот. Од 3-тото до 37-то коло, освен во средината на седмицата и саботата пред Велигден, седум натпревари се играле во недела од 15:00 часот, а последниот вечерта во 20:45, додека по два натпревари биле закажани за сабота (во 18:00 и 20:45 часот).
Серија А 2013-2014 | |
---|---|
Прваци | Јувентус 30. титула |
Испаднале | |
Лига на шампиони | |
Лига Европа | 3. клуба |
Одиграни натпрвари | 380 |
Најдобар стелец | Чиро Имобиле (22 гола) |
Најголема победа дома | 5-0 Рома - Болоња (29 септември 2013) Сампдорија - Верона (23 март 2014) |
Најголема победа во гости | 0-7 Сасуоло - Интер (22 септември 2013) |
Натпревар со најмногу голови | 3-5; 5-3 Верона - Фјорентина (13 април 2014) Удинезе - Ливорно (4 мај 2014) |
Најголема серија на победи | 12 натпревари Јувентус |
Најголема серија без пораз | 22 натпревари Јувентус |
Најголема серија без победа | 9 натпревари Кјево Ливорно |
Најголема серија на порази | 7 натпревари Сасуоло |
Просечна посетеност | 23,481[1] |
← 2012–13 2014–15 → |
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Сасуоло, Верона и Ливорно биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б 2012-2013.
На 4 мај 2014, Јувентус ја одбранил титулата на две кола пред крајот после поразот на Рома, нивниот најголем конкурент во оваа сезона, на гостувањето кај Катанија со 4-1. Ова било 30-тото скудето за Јувентус во нивната клупска историја, 3 едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Тие, исто така, во оваа сезона поставиле рекорд по бројот на освоени бодови во едно Серија А првенство, завршувајќи ја сезоната со 102 освоени бода. Рома на крајот морала да се задоволи со второто место со дури 17 бодови помалку од шампионот, но и директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите 2014-2015 за следната сезона. Третопласирниот Наполи изборил пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.
Четвртопласираната Фјорентина, петтопласираниот Интер, како и седмопласираниот Торино избориле учество во Лигата на Европа 2014-2015.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Катанија, Болоња и Ливорно.
Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Чиро Имобиле од Торино со 22 постигнати гола.