ФК Торино
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Торино честопати наречен само Торино или скратено Торо, е професионален италијански фудбалски клуб со седиште во Торино, Пиемонт, кој моментално се натпреварува во Серија А.
Торино | ||||
---|---|---|---|---|
Прекар | Торо или Граната | |||
Основан | 3 декември 1906 како Фудбал клуб Торино 1 септември 2005, како Торино Фудбал клуб[1][2] | |||
Стадион | Стадион Олимпико ди Торино Торино, Италија | |||
Капацитет | 28,140[3] | |||
Сопственик | Урбано Каиро | |||
Тренер | Валтер Мацари | |||
Лига | Серија А | |||
2018–19 | Серија А, 7-ми | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан под името Фудбал клуб Торино, на 3 декември 1906 година, но низ историјата бил познат под разни имиња (АК Торино, Торино Фиат, АК Талмоне Торино и Торино Калчо) сè до 2005 година кога клубот прогласил банкрот и бил основан нов клуб кој ги задржал правата и успесите на старата екипа, но продолжувајќи под името Торино Фудбал клуб.
Торино е еден од поуспешните клубови во Италија со седум титули во лигата, меѓу кој и оние пет последователни титули во периодот 1942-1949. Торино исто така бил првиот италијански клуб кој освоил домашна двојна круна. Клубот е освојувач на Купот на Италија пет пати, а последната титула била освоена во сезоната 1992-1993 сезона. На меѓународната сцена, Торино биле финалисти во Купот на УЕФА во сезоната 1991-1992.
Во пласманот на сите времиња на Серија А, кој ги зема предвид сите фудбалски екипи кои играле во првата лига, барем еднаш, Торино го зазема 8. место, учествувајќи во 70 од 82 изданија. Својте домашни натпревари ги игра на Стадионот Олимпико во Торино кој е со капацитет од 28,140 седечки места.