Серија А 2014-2015
From Wikipedia, the free encyclopedia
Серија А 2014-2015. била 113-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односоно 83 сезона на Серија А. Сезоната започнала на 30 август 2014, а завршила на 31 мај 2015 година.
Сезона | 2014–2015 |
---|---|
Прваци | Јувентус (31-ва титула) |
Испаднати | Каљари Чезена Парма |
Лига на шампиони | Јувентус Рома Лацио |
Лига Европа | Фјорентина Наполи Сампдорија |
Одиграни натпревари | 380 |
Најдобар стрелец | Лука Тони Мауро Икарди (по 22 гола) |
Најголема победа дома | Интер 7–0 Сасуоло (14 септември 2014) Јувентус 7–0 Парма (9 ноември 2014) |
Најголема победа на гости | Палермо 0–4 Лацио (29 септември 2014) Емполи 0–4 Каљари (25 октомври 2014) Каљари 0–4 Фјорентина (30 ноември 2014) |
Натпревар со најмногу голови | Парма 4–5 Милан (14 септември 2014) |
Најголема низа на победи | 8 натпревари[1] Лацио |
Најголема низа без пораз | 20 натпревари[1] Јувентус |
Најголема низа без победа | 18 натпревари[1] Чезена |
Најголема низа на порази | 6 натпревари[1] Парма |
Најголема посетеност | 79,173[1] Милан 1–1 Интер (23 ноември 2014) |
Најмала посетеност | 5,000[1] Кјево 2–1 Чезена (9 ноември 2014) |
Просечна посетеност | 22,019[1] |
← 2013–14 2015–16 → |
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2013-2014. Екипите на Палермо, Емполи и Чезена биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 2 мај 2015, Јувентус ја одбранил титулата на четири кола пред крајот со победата на гостувањето во Џенова против Сампдорија од 1-0. Рома како второпласирана екипа изборила право да игра во Лигата на шампионите 2015/16, додека третопласираниот Лацио се изборил за место во баражот за Лигата на шампионите 2015/16.
Четвртоплаисраната Фјорентина и петопласираниот Наполи избориле место во Лигата на Европа 2015/16 додека Сампдорија како седмопласирана екипа во првенството осигурала учество во третиот круг квалификации за Лигата на Европа 2015/16. Екипата на Џенова која била шеста на крајот на сезооната заради недобивање на лиценца од УЕФА нема да може да настапува во Лигата на Европа, па нејзиното место ќе го заземе градскиот соперник екипата на Сампдорија.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Каљари, Чезена и Парма.
Најдобри стрелци за сезоната биле Лука Тони (Верона) и Мауро Икарди (Интер) со по 22 постигнати гола.