Серија А 2015-2016
From Wikipedia, the free encyclopedia
Серија А 2015-2016 била 114-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односоно 84 сезона на Серија А. Сезоната започнала на 22 август 2015, а завршила на 15 мај 2016 година.
Серија А 2015-2016 | |
---|---|
Прваци | Јувентус (32. титула) |
Испаднале | |
Лига на шампиони | |
Лига Европа | 3. клуба |
Одиграни натпрвари | 380 |
Најдобар стелец | Гонсало Игуаин (36 гола)[1] |
Најголема победа дома | 6-0 Наполи - Болоња (19 април 2016)[2] |
Најголема победа во гости | 4 гола разлика 5 натпревари[2] |
Натпревар со најмногу голови | 5-2 Сампдорија - Карпи (23 август 2015)[2] Лацио - Верона (11 февруари 2016)[2] |
Најголема серија на победи | 15 натпревари[2] Јувентус |
Најголема серија без пораз | 26 натпревари[2] Јувентус |
Најголема серија без победа | 22 натпревари[2] Верона |
Најголема серија на порази | 5 натпревари[2] Џенова |
Најголема посетеност | 79,154 Интер-Милан 1-0 (13 септември 2015)[2] Интер-Јувентус 0-0 (18 октомври 2015)[3] |
Најмала посетеност | 0 (зад затворени врати) Палермо - Аталанта 2-2 (20 април 2016)[2] |
Просечна посетеност | 22,199[2] |
← 2014–15 2016–17 → |
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2014-2015. Карпи, Фрозиноне и Болоња биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 25 април 2016, Јувентус ја одбранил титулата на три кола пред крајот после поразот на нивниот главен конкурент Наполи од Рома во Рим со 1-0. На крајот Наполи го освоил второто место и избориле право да играат во Лигата на шампионите 2016-2017, додека третопласираната Рома се изборила за место во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите 2016-2017.
Четвртоплаисраниот Интер и петопласираната Фјорентина избориле место во Лигата на Европа 2016-2017, подоцна ним им се приклучил и шестопласираниот Сасуоло откако во финалето на Купот на Италија Јувентус - кој веќе имал изборено учество во европските натпреварувања за слендата сезона - го победил Милан.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Карпи, Фрозиноне и Верона.
Најдобар стрелец за сезоната бил Гонсало Игуаин од Наполи со 36 постигнати гола, со што го скршил рекордот на Гунар Нордал од сезоната 1949-1950 за најмногу постигнати голови од еден играч во една сезона во Серија А.