Гонсало Игуаин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гонсало Херардо Игуаин (шпански изговор: [ɡonˈθalo iɣwaˈin]; роден на 10 декември 1987 година во Брест) — аргентински фудбалер, напаѓач на Интер Мајами и на аргентинската репрезентација со која бил светски вицешампион во Бразил 2014 и вицешампион на Копа Америка во 2015 и 2016.
Гонсало Игуаин | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Гонсало Херардо Игуаин[1] | ||
Роден на | 10 декември 1987(1987-12-10) (36 г.)[1] | ||
Роден во | Брест, Франција | ||
Држава | Аргентина | ||
Висина | &100000000000001840000001,84 м[1] | ||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Интер Мајами | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
Ривер Плејт | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005-2006 | Ривер Плејт | 35 | (13) |
2006-2013 | Реал Мадрид | 190 | (107) |
2013-2016 | Наполи | 104 | (71) |
2016- | Јувентус | 95 | (45) |
2018-2019 | → Милан | 15 | (6) |
2019 | → Челси | 14 | (5) |
2020- | Интер Мајами | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2003 | Аргентина 23 | 1 | (2) |
2009-2018 | Аргентина | 75 | (31) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010 |
Афирмиран како еден од најплодните напаѓачи во бизнисот,[2][3][4] се смета за еден од играчите со најдобра завршница во светот.[5][6][7] Со 36 гола во сезоната 2015-2016 во италијанското првенство како играч на Наполи тој поставил нов рекорд по бројот на постигнати голови во рамките на една сезона во Серија А, надминувајќи го претходниот рекорд на Гунар Нордал стар 66 години.[8][9]
Во текот на својата кариера, која ја започнал во 2005 година дебитирајќи за првиот тим на Ривер Плејт, а потоа ја продолжил во Европа, играјќи за Реал Мадрид, Наполи, Јувентус и Милан тој освоил три шпански првенства (2006-2007, 2007-2008, 2011-2012), два Суперкупа на Шпанија (2008 и 2012) и еден Куп на Шпанија (2010-2011) со Реал Мадрид како и две италијански првенства (2016-2017 и 2017-2018) со Јувентус три Купа на Италија два со Јувентус и еден со Наполи (2013-2014, 2016-2017 и 2017-2018) и еден Суперкуп на Италија (2014) со Наполи.