УЕФА Лига на шампиони 2013/14
From Wikipedia, the free encyclopedia
УЕФА Лига на шампиони 2013/14 — 59-та сезона на најдоброто европско натпреварување во фудбал организиран од УЕФА, и 22-ра сезона откако е преименувана од Куп на Европските шампиони во УЕФА Лига на шампиони.
Кратки факти УЕФА Лига на шампиони 2013–14, Податоци за првенството ...
УЕФА Лига на шампиони 2013–14 | |
---|---|
Финалето се одиграло на стадионот Естадио да Луз (португалски: Estádio da Luz, македонски: Стадион на светлината). | |
Податоци за првенството | |
Датум на одржување | 2 јули – 28 август 2013 (квалификации) 17 септември 2013 – 24 мај 2014 (правилно натпреварување) |
Екипи | 32 (групна фаза) 76 (вкупно) (од 52 фудбалски асоцијации) |
Финални резултати | |
Шампион | Реал Мадрид (10-ти) |
Второ место | Атлетико Мадрид |
Статистики на првенството | |
Голгетер | Кристијано Роналдо (17 голови) |
← 2012/13 2014/15 → |
Затвори
Финалето беше одиграно помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид на Естадио да Луз во Лисабон, Португалија.[1] Обележувајќи го петтото финале во кое ќе учествуваат две екипи од иста асоцијација, но и прво финале во историјата на натпреварувањето каде што двајцата финалисти се од ист град. Баерн Минхен ја бранеше титулата но беа елиминирани во полуфиналето Реал Мадрид.
За првпат, тимовите кои се квалификуваа во групната фаза исто така се квалификуваа во ново формираната УЕФА Младинската лига 2013/14, натпреварување за играчи до 19 години.