општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Ново Село — рурална општина во Југоисточна Македонија. Центар на општината е селото Ново Село.
Општина Ново Село | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Ново Село | ||
Населени места | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Ѓорѓе Божинов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 424,82 км2 (164,02 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 6.972 | ||
• Густина | 16/км2 (43/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +034 | ||
Регистарски таблички | SR | ||
Мреж. место | novoselo.gov.mk |
Границите на општина Ново Село на исток допираат до државната граница на Македонија со Бугарија, а на југ до државната граница на Македонија со Грција, притоа опфаќајќи ја тромеѓата меѓу триве држави. Општина Ново Село на запад граничи пак со општините Струмица и Босилово, а на север и со општина Берово.
Општина Ново Село има вкупно население од 11.567 жители според податоците од пописот од 2002 година. Општината опфаќа 16 населени места (по азбучен ред): Бадолен, Бајково, Барбарево, Борисово, Дражево, Зубово, Колешино, Мокриево, Мокрино, Ново Коњарево, Ново Село, Самоилово, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Општината има густина на население од 48,64 жители на километар квадратен.[2][3]
Македонците се најбројна етничка група во општината според пописот од 2002 година:[4]
Народ | Жители |
Македонци | 11.509 |
Роми | 3 |
Срби | 25 |
Бошњаци | 2 |
останати | 28 |
Според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следните јазици:[4]
Јазик | Говорници |
македонски | 11.509 |
српски | 33 |
турски | 4 |
ромски | 3 |
влашки | 1 |
останати | 17 |
Според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следните религии:[4]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 11.292 |
муслимани | 8 |
протестанти | 17 |
останати | 250 |
Градоначалник на општина Ново Село е Никола Андонов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на предвремените локални избори 2019 година. На локалните избори во 2017 година бил избран Боро Стојчев, кој поднел оставка.[5] Советот на општина Ново Село е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Недалеку од Општина Ново Село се наоѓа познатиот хотел „Подгорски Ан“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.