Бајково
село во Општина Ново Село From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Ново Село From Wikipedia, the free encyclopedia
Бајково — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.
Бајково | |
Координати 41°25′0″N 22°55′59″E | |
Општина | Ново Село |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 27006 |
Надм. вис. | 678 м |
Бајково на општинската карта Атарот на Бајково во рамките на општината | |
Оваа периферна населба се наоѓа на крајниот источен дел на Струмичко Поле и припаѓа на Општината Ново Село, чиј атар се допира со државната гранична линија со Република Бугарија. Населбата е ридска, на надморска височина од 345 метри. Од патот Струмица-Ново Село-граничен премин, населбата е оддалечена 2,5 км, а од градот Струмица 30 км.
Според легендата, селото го добило името по сточарот Бајко, кој прв се населил на денешното место. Првпат селото се споменува во пописот на населението од 1519 г.
Атарот зафаќа простор од 8,1 км2. На него најголема површина заземаат шумите со 469,6 ха, потоа следи обработливото земјиште на површина од 248,8 ха, а на пасиштата отпаѓаат 56,3 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според првит попис од 1519 година спроведен од османлиската власт. Тогаш селото имало 39 христијански семејства, тројца неженети и десет вдовици. Пред Балканските војни (1912-1913), Бајково било дел од Петричката околија.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[3]
Според пописот од 1971 година, селото имало 272 жители. Набргу потоа дошло до масовно иселување на населението, особено во новооснованото село Самоилово. Според пописот од 2002 година, во Бајково живее само едно семејство со двајца жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има само 2 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 200 | 201 | 232 | 283 | 273 | 65 | 11 | 5 | 2 | 0 |
Во селото постои избирачкото место бр. 1779 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бадолен.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[10]
Среде село се наоѓа бунар, каде што луѓето порано масовно се собирале. Во селото се наоѓаат црквата „Св. Петка“, изградена 1910 година и Бајковскиот манастир „Св. Петар и Павле“, изграден 1943, а реновиран 1986 година. Населението се враќа во селото за време на верските празници Петровден (12 јули) и Петковден (27 октомври).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.