село во Општина Ново Село From Wikipedia, the free encyclopedia
Борисово — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Борисово | |
Панорама на Борисово | |
Координати 41°22′59″N 22°49′59″E | |
Општина | Ново Село |
Население | 230 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 27008 |
Борисово на општинската карта Атарот на Борисово во рамките на општината | |
Борисово на Ризницата |
Борисово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подгорскиот дел на планината Беласица. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 21 километри.
Борисово се наоѓа на надморска височина од 325 метри.
Според кажувањата, иселениците од село Барбарево сакале да ја напуштат планината па дошле во село Мокриево но тогашниот кмет не им дал место во Мокриево но им предложил да им го даде т.н. каменарник, по кое настанало денешно Борисово.
Се смета дека селото го добило името според некој Борис, споменуван како основач на населбата. Првпат селото се спомнува во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога е подарено на светогорскиот манастир „Свети Пантелејмон“. Според струмичкиот митрополит Герасим Струмички (втора половина на XIX век), над селото Борисово постоела кула од Самуиловиот период, која подоцна била уништена.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во текот на XIX век селото било населено со Турци. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 60 семејства со 337 Македонци и 21 Турчин[2][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 жители Турци[4].
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото живееле 300 Турци, а остатокот биле Македонци[5].
По Балканските војни (1913 год.), Турците полека започнале да се иселуваат, а селото го населиле бегалци од Егејска Македонија и жители од Стиник, Барбарево, Бајково и Бадилен.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 100 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 409 жители, од кои 408 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 230 жители, од кои 213 Македонци и 17 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 800 | — | 349 | 385 | 343 | 415 | 495 | 483 | 444 | 409 | 230 |
Црквата „Свети Кирил и Методиј“ се наоѓа на почетокот на селото, во близина на Мокриево.
Во селото постои избирачкото место бр. 1776 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 373 гласачи.[14]
Селото е познато по својата Боришка (Борисовска) Река, позната по своите мали водопади. Порано имало 12 воденици покрај реката, но денес не функционира ниту една. Сепак, некои од нив може и денес и да се видат. На реката е формирана и Борисовската брана, длабока 8 метри. Таа сепак не зафаќа голема површина и месните жители ја користат за риболов. Во селото постојат две земјоделски аптеки, но нема училиште, па децата до четврто одделение го посетуваат училиштето во Мокриево, а потоа училиштето „Видое Подгорец“ во Колешино. Во селото забележлива е и една стара чешма, веќе пресушена, а и неколку јавори, стари стотици години. Непосредно до еден таков јавор се наоѓаат остатоци од минарето на една од двете некогашни џамии, како сведоштво дека овде некогаш живеело турско население.
Порано постоел и фудбалски клуб наречен „Доганец“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.